Сите Half Life игри се бесплатни!

Во наредните два месеци, сите Half Life игри се апсолутно бесплатни. Потегот се прави во пресрет на VR ексклузивната игра Half-Life: Alyx.

Доколку сакате максимално да се навлезете во едни од најпопуларните FPS игри, можете да го направите тоа без да потрошите денар. На располагање ви стои првата игра, заедно со двете, последователни експанзии – Opposing Force и Blue Shift. Нема да се разочарате ни доколку сакате да го проверите Half-Life Source, како и Half-Life 2, заедно со двете епизоди. Единствена Half – Life игра која не е вклучена во бесплатниот пакет е Half-Life Deathmatch.

Иако Half-Life игрите постојано имаат длабоки попусти, дури и до 90%, ова е прв пат да се нудат сите бесплатно. Пакетот од игрите ќе биде бесплатен се до излегувањето на Half-Life: Alyx.

Half-Life: Alyx ги обработува настаните пред Half-Life 2. Но, тимот зад VR играта веруваат дека најдобар начин за да вистински уживате во Alyx е откако ќе поминете низ сите досега излезени игри од овој универзум.

Half-Life: Alyx ќе излезе во март, но веќе се продава со 10% попуст. Од виденото, не се сомневаме во квалитетот на играта, но жал нѝ е што нема официјални продавници за соодветниот VR хардвер во Македонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии