Сите GTX 1080 Ti картички на едно место!

GTX 1080 Ti излезе невообичаено квалитетна графичка карта која не само што е помоќна од Titan X туку е и поевтина. Во меѓувреме, Nvidia ја најави Founders едицијата, а дел од останатите производители веќе се изјаснија со некои од нивните продукти.

Asus произлегува со неколку 1080 Ti картички, двете од нив припаѓаат на RoG Strix линијата. Asus GTX 1080 Ti Strix Gaming и Gaming OC доаѓаат со препознатливиот DirectCU III решение за ладење (три вентилатори) и дополнителна плоча на задната страна. GTX 1080 GTX Turbo е опремен со стандарден blower кулер и во поглед на спецификациите, ќе биде сличен на Founders картата.

Zotac ќе проба да го освои пазарот со GeForce GTX 1080 Ti PGF (Prime Gamer Force) картичка која, покрај тоа што се одликува со сличен кулер како кај Asus GTX 1080 Ti Strix Gaming, ќе се испорачува и со два конектори за напојување, со осум пинови. И Zotac ќе има Founders картичка.

Покрај нивната Founders картичка, MSI ќе нуди на располагање и GeForce GTX 1080 Ti Gaming X – застрашувачко чудовиште кое вдомува два вентилатори, и Twin Frozr Vi решение за ладење. Оние кои се по проѕирни куќишта, нема да погрешат доколку одат со Gaming X затоа што картичката дополнително ќе импонира и со RGB LED.

Ни EVGA нема да потфрли и заедно со нивната Founders едиција ќе напаѓаат со карти како GTX 1080 Ti FTW3, за кои е својствено iCX решение за ладење и три масивни вентилатори чиј дизајн е со големина од 100мм, а вдомува бројни сензори за надгледување на внатрешните температури.

Ладење со три вентилатори повеќе не е ниту тренди, ниту функционално, или барем така смета Inno3D со нивната GTX 1080 Ti која доаѓа со iChiLL X4 решение за ладење кое, погодувате, има четири вентилатори, односно три големи вентилатори на предниот дел и еден помал на врвот.

Во случај да не споменавме ништо за картички од произведувачите како PNY, Palit, KFA2, Gainward, Gigabyte и GALAX тоа е од проста причина што произведувачите сѐ уште се немаат изјаснето за нивните дизајни на картичките. Меѓутоа бидете без грижа, Founders Edition е во план на секој произведувач!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии