Сите Google новитети од I/O конференцијата

Еве ја целата листа на новини од двата дена на конференцијата.

  • Претставен Google TV
  • FroYo е најновиот Android 2.2 кој има разновидни опции меѓу кои и WiFi поврзување на два уреда со една конекција. Android 2.2 FroYo е побрз, има можност за синхронизација на Google сервисите и Chrome екстензиите, дирекциите од Google Maps се праќаат веднаш. Ќе има нов мобилен прелиствач, подршка за Flash 10.1 и Air. Ќе има пристап до веб-базиран Android пазар на апликации, како и автоматско надоградување на апликациите. Аndroid апликациите ќе можат да се инсталираат и на SD картичката, доколку нема место на телефонот. Телефоните ќе имаат и гласовни команди.
  •  

  • Објавен е Chrome Web Store, продавница за веб апликации каде програмерите ќе имаат и опција да си ги продаваат апликациите.
  • Објавен е Google App Engine за бизниси со кој девелоперите ќе можат да изградат апликации врз Google-овата инфраструктура без да се грижат за одржување на своите сервиси.
  • Објавен e WebM видео формат кој користи VP8 кодек. Овој формат ќе биде додаден во HTML5 и сите видеа на YouTube ќе се конвертираат.
  • Претставенo е Latitude API со која девелоперите ќе можат да градат апликакации користејќи ја локацијата.
  • Google Wave сега е достапен за сите.
  • Претставен е Google Font Directory каде девелоперите лесно можат да превземат фонт за својот веб дизајн

Подолу е првиот дел од клучните говори од првиот ден на I/O.

1 коментар на “Сите Google новитети од I/O конференцијата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии