Сите експанзии за World of Warcraft се вклучени во месечната претплата, но не и Battle for Azeroth

Во пресрет на најновата експанзија за World of Warcraft, Blizzard ја смени политиката за продавање експанзии. По цена од месечна претплата, играчите можат да се втурнат во сите проширувања, без да бидат обврзани да плаќаат и еднократна цена за експанзиите.

Ваквото нешто беше направено од Blizzard на исклучително тивок начин и само ноншалантно се спомнува на неколку места дека претплатување на играта ви ги дава сите експанзии во World of Warcraft.

„Добијте пристап до World of Warcraft и секоја експанзија до Legion со вашата претплата – не е потребно никакво дополнително плаќање. Започнете го вашето патување денеска и играјте до левел 110 низ шест експанзии од авантура!“

Сосема разбирливо, доколку сакате да ја проверите најновата експанзија, Battle of Azeroth, ќе биде потребно да ја купите таквата експанзија за 50 евра, ова на сметка на месечната претплата која изнесува 13 евра. На овој начин, фамозните Battle Chest запаѓаат во заборават, со суптилно ветување дека ваквата пракса ќе биде практикувана и со идните експанзии.

World of Warcraft e бесплатна за играње, но само до lvl 20 и, грубо кажано, нуди неколку дневна забава во почетните региони на играта. За жал, почетоците на World of Warcraft воопшто не се интересни за повеќето модерни конзументи на ММО игрите и Blizzard не си прави услуги со ваквиот модел за привлекување нови играчи. Ситуацијата е значително поразлична со експанзиите, а факторот на забава е на исклучително повисоко ниво. За проверка на таквото нешто, меѓутоа, претплатата се чини задолжителна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии