Сите едукативни сервиси ќе бидат спакувани во еден централизиран систем

Министерството за образование најави дека наскоро сите веб страни, портали и едукативни сервиси, како е-дневник и електронски учебници, ќе бидат сместени во еден централизиран систем кој ќе го креира Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Преку тој еден систем наставниците, студентите, средношколците и основците, како и родителите, ќе имаат пристап до сите сервиси само со едно корисничко име.

Целта е да се овозможи полесен пристап и поефикасно искористување на сите сегашни и идни сервиси.

„Ова е значаен чекор што ќе придонесе за многу поголема искористеност на електронските сервиси. На тој начин ќе влеземе во електронизација на образованието и тоа ќе дојде на рангот на сите современи европски образовни системи.“, вели деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов.

3 коментари на “Сите едукативни сервиси ќе бидат спакувани во еден централизиран систем

  1. Која бљувотина се дешава во позадина да знаете… Демек министерството ги работи проектите, а во позадина проектите се договараат со "фантом" фирми, онака, како на пазар. Ај јбг, ме мрзи…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии