Сите апликации од Vip Android предизвикот

Прво место

popravimk qr code

PopraviMK е сервис кој им овозможува на луѓето да помогнат во откривање на проблеми настанати на јавна површина, кои преку соодветен сервис ќе бидат испратени до надлежните органи за поправка. Сервисот овозможува катеогирзирање на проблемот, одредување на тежина, и прикачување на слика од истиот пред да биде испратен.

Дeвелопери: Далибор Насевиќ и Диме Пашоски.

Второ Место

spotme qr code

SpotMe апликацијата на корисникот ќе му овозможи да најде места (кафиќи, дискотеки, барови, ресторани …) и настани (концерти, изложби, фестивали…) од интерес во Македонија според неговата локација и истите ќе бидат прикажани на мапа. Со навигација низ мапата ќе може да види подетални информации за самите места и настани. За местата може да се оставаат коментари, да се рангираат и доколку имаат телефонски број да се изврши повик до самото место директно од апликацијата. Настаните автоматски се aжурираат секојдневно.

Дeвелопери: Тодор Панев, Стефан Трајковски, Илија Лалковски, Михајло Штерјов и Марјан Николовски.

Трето Место

Име на апликацијата Опис Дeвелопер(и)
Green Zone Green Zone претставува мобилна гео-социјална платформа која на корисниците им ги прикажува зелените зони околу нив. Апликацијата овозможува маркирање на загадена или чиста животна средина на било која географска локација. Корисникот може да ја опише локацијата на која се наоѓа со повеќе атрибути и/или да остави коментар и/или слика. Горан Ангелковски, Рубин Ѓеровски, Синиша Мамузиќ, Благој Неновски, Иванчо Чагорски
НајдиОглас НајдиОглас е Андроид апликација за македонскиот веб сервис за мали огласи www.najdioglas.mk Александар Трпески, Дарко Атанасовски
Околу Мене Околу Мене е апликација со која корисникот на лесен начин може да се информира за временската прогноза, вести по категорија, возни редови за автобус и воз (на национално ниво), најблизок банкомат до корисникот од избрана банка со GPS навигација за полесна снаоѓање, листа на државните празници и поважните телефони. Димитар Талевски, Влатко Јанкулоски
Дискотеки Преку апликацита ќе можете да ги следете излегувањата на вашите Facebook пријатели, да ги погледните на мапа и Вие да изберете да присуствувате на тоа место. Местата (Дискотеки и сл. ) ќе можете да ги гледате групирани во Ваши омилените или пак сите места по град рангирани според бројот на посетители. Даниел Димов
Безбедно Возење Безбедно возење е апликација која при сообраќајна несреќа автоматски бара помош со телефонирање или испраќа SMS порака со локацијата на несреќата. Дарко Гроздановски, Елисавета Манасиева, Васил Борожанов
Beauty Macedonia Апликација која што на мапа ги покажува најинтересните места во Македонија и дополнително дава детални информации за истите. Миланчо Пановски
Skopje Taximeter Aпликација која ја прикажува моменталната цена во реално време додека се возите во такси. Владимир Новачки
Directorium Апликација која се поврзува со електронскиот сервис www.directorium.mk и нуди лесен и иновативен начин на информирање и лоцирање на сите податоци кои се поставени на www.directorium.mk, користејки Wi-Fi, GPRS и GPS технологии. Лазар Поп Трајков, Кристијан Антовски, Димитар Сиљановски
VipEvents Апликацијата прикажува информации за настани организирани на разни локации во Македонија. Ване Спасов, Владимир Апосолски, Илија Трбогазов, Огнен Бојковски
mPazar Апликација која помага при купување со лесно пребарување низ огласните. Ѓоре Саздовски
ILoveMk Апликација која ги содржи природните убавини на Македонија (манастири, цркви, туристички места…). Драган Дујовски
MKД Конвертор на парична вредност Апликацијата која конвертира од денар во валутите кои ги нуди НБРМ и обратно. Дарко Гроздановски, Елисавета Манасиева, Васил Борожанов
aMyPlaces Апликација со која корисникот може да ја меморира моменталната негова физичка локација на неговиот телефон заедно со сопствен опис за истата. Апликацијата може да го пресмета растојание и најкраткиот пат помеѓу две претходно меморирани места како и времето потребно да се стигне од една точка до друга. Ристо Мучев
placeView Aпликација за проширена реалност која на корисникот му дава информации за објектите околу него. Теодос Пејоски, Александар Паунковски, Никола Миноски, Бошко Петрески
I Find You Апликација со која се олеснува стигање до одредено место. Корисникот до кој ќе треба да се стигне ѓи праќа своите координати преку SMS порака до другиот корисник од каде се земаат координатите и се прикажува патот како да се стигне до точката. Симон Јаневски, Дино Кадриќ, Дарко Ковачевски
Touch’n’Find Апликацијата има за цел пребарување на продавници, бензиски пумпи и киосци во зависност од нивниот тип, далечината или популарноста кај корисниците. Драган Николов, Дијана Најдовска, Стефан Калчоски
VipMk Centers VipMk Centers е апликација која ја зема моменталната GPS локација на корисникот и ги прикажува на мапа најблиските Vip центри заедно со растојанието и времето потребно да се стигне до нив. Ристо Мучев
Najdi Vip Апликација која на корисникот ќе му помогне да го најде најблискиот Vip Центар, Vip Партнер или Vip Киоск каде и да е. Игор Стошевски
MyBank Macedonia Апликација која ќе врши лоцирање на банкомати и експозитури на банките во околината на корисникот. Апликацијата нуди можност за пребарување според име на банка или локација, навигација до конкретен банкомат или експозитура, воспоставување контакт со банката како и конвертор на валути. Тања Ангелова
MKD Denar Апликација која преку визуелен приказ со исцртување на график прикажува како се движеле најупотребуваните странски валути во Мaкедонија во текот на последните четири месеци. Податоците се превземаат од Народна Банка на Република Македонија (НБРМ). Владимир Новачки
NBRM Exchange Rates Kурсна листа базирана на дневните курсеви за валутите според податоците кои ги нуди веб сервисот на Народна Банка на Република Македонија (НБРМ). Васил Зидровски
Kitapce Апликација која служи за евиденција и контрола на ветени частења од пријателите. Апликацијата на одреден временски период ги известува пријателите за заостанатите “долгови” преку социјаните мрежи. Исто така води евиденција за веќе оставарените “долгови”. Александар Ѓоргиевски
МојаВалута Апликацијата е наменета за прикажување на тековната средна вредност на 10-те најчесто користени странски валути во однос на денарот. Податоците се добиваат преку серверот на НБРМ. Иван Димоски
Конвертор на валути Апликацијата конвертира од денар во валутите кои ги нуди НБРМ и обратно. Владан Поповиќ
KursnaLista Апликација која ја дава моментална курсната листа. Владимир Вета
MKVertеr Конвертор на валути кој конвертира од денари/долари/евра во денари/долари/евра. Владимир Вета
Vezilka Едукативна игра за пронаоѓање зборови(македонски/англиски) во матрица од букви. Томче Делев
VIPOT VIPOT апликацијата претставува симулација на играта на среќа “Овошна машина”. Валентино Ташевски
ВицевиМК Апликација која на корисникот му прикажува случајни вицеви. Горан Ангелковски, Рубин Ѓеровски, Синиша Мамузиќ, Благој Неновски, Иванчо Чагорски
Kenball Игра каде целта е да се пукнат сите балончиња “околу вас” Александар Паунковски, Теодос Пејоски, Бошко Петрески, Никола Миноски
2Player Macedonian Quiz Игра – квиз за двајца играчи со прашањата поврзани со Македонија. Владимир Новачки
memmzy Eдноставна мемориска игра со која корисникот ја тренира својата меморија или се натпреварува со останатите корисници. Теодос Пејоски, Александар Паунковски, Никола Миноски, Бошко Петрески
Наградни Игри Андроид апликација за www.nagradniigri.com.mk вебсајтот. Златко Стаматов
aPogovorka Апликација која на корисникот му прикажува случајно избран интересен факт, мудра мисла, народна поговорка или некој Марфиев закон Ристо Мучев
TAMTRUM Апликација која симулира звуци на тапани. Никола Миноски, Теодос Пејоски, Александар Паунковски, Бошко Петрески
Besilka Добро познатата игра со погодување на збор – Бесилка. Никола Илиевски
Бесилка Добро познатата игра Бесилка со зборови од македонско поднебје. Васил Зидровски
Be Social Апликација која е наменета за следење на пријателите низ нивниот секојдневен живот преку надоградена (аугментирана) реалност. Ристе Стојанов, Милош Јовановиќ, Соња Филипоска, Игор Мишковски, Димитар Трајанов, Владимир Здравески,Ана Ѓорѓевиќ
GeoShopMK GeoShopMK е сервис кој овозможува полесно наоѓање на продавници, услуги и производи со помош на геотагирање и содржина која ја креираат самите корисници на сервисот. Виктор Стојановски, Јован Наумовски
My Best Buddy Апликација која на Вашите пријатели им доделува бодови според тоа колку пати Ви се јавиле, Ви пратиле SMS или MMS порака. Драган Агапиев, Валентина Агапиева
Сречко – организатор на родендени Апликацијата Сречко ќе ви биде Вашиот организатор за родендените на Вашите пријатели, колеги, роднини. Апликацијата овозможува и да им ги честитате родендените преку Facebook, Twitter, со испраќање SMS или MMS, e-mail или да им се јавите. Катерина Стојановска, Димитар Велков, Никола Бојков
aFBTStatus Апликација која овозможува на корисникот да го промени својот Facebook или Twitter статус. Ристо Мучев
aFindTwitterOpinion Апликација која овозможува корисникот да пребарува збор низ твитови. Ристо Мучев
Photo Places Апликација која фотографиите направени со камерата на телефонот ги распределува географски, на мапа. Ристе Стојанов, Милош Јовановиќ, Соња Филипоска, Игор Мишковски, Димитар Трајанов, Владимир Здравески, Ана Ѓорѓевиќ
PicLoc Апликацијата овозможува аплоудирање на слики на Facebook, а за истите да постои информација за локацијата каде сликата е направена преку соодветни координати, со што автоматски на секоја слика би се придружил и наслов (location) како едно олеснување. Љубица Димитровска
Macedonian Android Keyboard Македонска тастатура е Андроид апликација кој на корисниците им овозможува пишување на кирилични текстови. Златко Стаматов
Паркинг потсетник Паркинг Потсетник е апликација која помага во пронаоѓање на нашето паркирано возило со навигација преку компас. Дополнително, апликацијата нуди преглед колку долго сме паркирани, како и можност за испраќање на SMS пораки во Зонско Паркирање. Дарко Гроздановски, Елисавета Манасиева, Васил Борожанов
Зонско Паркирање Апликацијата која автоматски праќа SMS порака за плаќање на паркинг во зонското паркирање. Зоната се одредува според GPS локација. Апликацијата има и тајмер колку време си на паркингот и ако има ограничување на време покажува и нотификации за преостанато време. Симон Јаневски, Дино Кадриќ, Дарко Ковачевски
SMSPark Апликација за праќање на SMS пораки за наплата на паркинг во Скопје. Драган Цветановски
Evorzeoz Интересна апликација која содржи: флеш светилка во разни бои, либела, либела преку камера, масажер и вувузела. Бошко Петрески, Александар Паунковски, Теодос Пејоски, Никола Миноски
VipMk Mobile VipMk Mobile е Андроид апликација која ја прикажува мобилната верзија на вебсајтот на Vip (http://m.vip.mk) Ристо Мучев
Возете економично Апликација која овозможува на корисниците да водат евиденција за трошоците на нивното возило. Горан Петровиќ
Painter Едноставна апликација за цртање која овозможува цртежите да се сочуваат и подоцна прегледаат. Виктор Чучурски
CarMote Апликација која овозможува брз пристап до клучни апликации кога телефонот се наоѓа во возилото на сталка за телефон. Игор Караманов, Ратко Караманов
СМС Локатор Апликацијата овозможува корисникот преку праќање на обична SMS порака да извести друг корисник како да стигне до неговото место со пораќање на координати на истото. Бисера Ефремова
SearchIT Едноставна апликација за отворање на текстуални датотеки чиј главен адут е интуитивното и кориснички насочено пребарување низ текстот. Игор Јованоски, Даниел Карески
ContactIX Апликација за експортирање и импортирање на контактите од Вашиот Андроид телефон. Игор Јованоски, Даниел Карески
Lazen povik Апликација која по 15 секунди симулира лажен повик. Симон Јаневски, Дино Кадриќ, Дарко Ковачевски
CLocker Апликација која овозможува заклучување на појдовните повици. Ристе Дранговски
CHider Апликација која овозможува автоматско бришење на појдовните и/или дојдовните повици од историјата на повици или замена на информациите од истата. Ристе Дранговски
Stopwatch Апликација – стоперица која овозможува и означување на кругови. Фатон Мехмеди
aToday Апликација која дава информации за денешниот ден. Ристо Мучев
aMyPhone Апликацијата овозможува прикажување на телефонскиот број на мобилниот уред и личните контакт податоци на сопственикот. Ристо Мучев
aMyFridge Апликацијата овозможува проверка на содржината во фрижидерот на корисникот. Тој во секој момент може да ги излиста производите кои ги има во својот фрижидер, нивната количина и рокот на нивно траење. Ристо Мучев
aFener Фенер апликација. Ристо Мучев
aFriday Апликација која кажува дали е петок или не. Ристо Мучев
aInstantKarma Апликација која одговара со Да/Не на поставеното прашање од корисникот. Ристо мучев
Автобуси Скопје Автобуси Скопје е апликација која овозможува преглед на распоредот на тргнување на автобусите на Јавното Сообраќајно Претпријатие – Скопје. Јовица Илијевска
TransMak Апликација која ќе содржи оф-лајн база на дел од транспортната мрежа во Македонија. Марјан Киндалов
aTrip2Europe aTrip2Europe претставува апликација која што содржи кратки информации за земјите низ Европа, како и националните празници во истите. Бојан Илиевски
Виртуелен Весник Андроид апликација за time.mk сервисот за вести. Александар Трпески, Дарко Атанасовски
А1 Вести А1 Вести е Андроид апликација која на корисниците им овозможува пристап до најновите новости од сајтот на А1 (www.a1.com.mk). Златко Стаматов
aGPSWeather aGPSWeather е апликација за Android која ја зема моменталната GPS локација на корисникот и ги покажува моменталните временски услови за денешниот ден и временеската прогноза за наредните 3 дена за областа. Ристо Мучев
RssCitac Читач на RSS извори кои што ги додал корисникот. Михаил Цветкоски
Спортски тренер Апликација која ќе овозможи броење на одредени вежби, и нотификација за забрзување или намалување на темпото. Ристе Стојанов, Милош Јовановиќ, Соња Филипоска, Игор Мишковски, Димитар Трајанов, Владимир Здравески, Ана Ѓорѓевиќ
BetsStats Апликација преку која може да се видат статистики за спортското обложување на корисникот. Марјан Колев
MakClock Widget Widget часовник со македонско знаме. Димитар Стеваноски
Time.mk Widget Widget кој ги прикажува последните вести од time.mk. Јован Наумовски

2 коментари на “Сите апликации од Vip Android предизвикот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии