Системот за навигација во автомобилот е прекрасна работа!

Сите си мислиме дека не ни треба систем за навигација во автомобилите, меѓутоа верувајте, тоа е една од оние работи која ако еднаш ја искусите во животот нема да сакате да се одвоите од неа. Се разбира дека не е неопходна помошна алатка за нашето нормално секојдневие, меѓутоа и тоа како може да биде добредојдена кога ќе се најдеме „во небрано“. Но, каков систем за навигација да одбереме? Да ги разгледаме можните опции!

Фабрички систем за навигација

Овој систем доаѓа заедно со автомобилот и е најчесто и најдобриот навигациски систем за вашиот автомобил бидејќи производителот ангажирал инжинери и мозоци кои дошле до заклучок дека некој извесен навигациски систем, без оглед на производителот на уредот, е најподобен за вашиот автомобил. Секако, најдоброто решение најчесто е претерано скапо, со цени над 1.000 евра. Иако уреди одат „во пакет“ со DVD компатибилност, Bluetooth поврзување со мобилен телефон итн., сепак цената претставува главна пречка во одлуката за купување на ваков вид на уред.

Пренослив систем за навигација

Уред кој може да се набави дополнително, и да се приклучи во автомобилот. Најпознати производители се Garmin и TomTom, и за било која варијанта да се одлучите нема да згрешите. И едните и другите имаат одличен приказ, се одликуваат со детални и прецизни мапи, и се со висок степен на доверливост. Тоа значи дека е многу поверојатно да ви го покажат вистинскиот пат, отколку да ве однесат во локалниот овоштарник. Цените на овие уреди варираат во однос на нивните способности, меѓутоа, практично најскапиот од овие уреди, чини помалку од најефтиниот од „фабричките“.

[youtube]wKCPF2rAlS4[/youtube]

Апликација за паметни телефони 

Во последно време паметните телефони се сè поприсутни во нашите животи и стануваат практично неизбежен дел од нашето секојдневие. Токму поради тоа, и поради ваквиот развој на настаните. Токму поради тоа, на пазарот се појавија повеќе различни апликации за навигација, развиени според платформата врз која се базира вашиот телефон. Цените на апликациите варираат во однос на нивната комплексност. Имено, постојат бесплатни апликации за навигација, кои, рака на срце, поверојатно е да ве изгубат и да ве испратат на некои козји патеки, отколку да ви го покажат вистинскиот пат.

Претходно споменатите компании, Garmin и TomTom нудат свои лиценцирани апликации за навигација, чија цена не надминува 50-тина долари. Имајќи ги предвид опциите кои ви се нудат, буквално на вашата дланка, како на пример: детални мапи, моментално ажурирање за состојбата во сообраќајот, помош при престројување за следните крстосници, гео-координати, места од интерес (ресторани, бензински пумпи, болници итн), цената од 50 долари за ваква апликација е дури смешна!
[youtube]V-QrHbdZOY0[/youtube]

Телефоните кои работат на Аndroid платформата, доаѓаат со веќе инсталиран систем за навигација, во облик на Google Maps with Navigation. Сè на сè одлична апликација, многу лесна за користење, но сè додека не сакате да ги зачувате мапите. Такво нешто не е можно, бидејќи Google Maps бара константна поврзаност со интернет, за да може да ги ажурира мапите, во реално време.

[youtube]tGXK4jKN_jY[/youtube]

Меѓу најдобрите апликации за навигација за Android телефоните би ја издвоиле MobileNavigator на Navigon која чини 60 долари. За тие пари ви нуди одличен, детален приказ, ве води чекор по чекор, кажувајќи ви и во која коловозна лента треба да се движите, и има фото-реалистичен приказ на знаците и клучните точки. Најинтересен момент кај оваа апликација е „Reality View Pro”, кој ги идентификува местата од интерес кои се наоѓаат во вашата непосредна близина, и ви ги прикажува „во живо“ на екранот на вашиот телефон. Прекрасно, нели?

[youtube]g9t38UyWKyE[/youtube]

За Blackberry телефоните, како најдобра апликација во ова поле, се издвојува GPS Navigator на TeleNav. Ги нуди помалку или повеќе истите можности како соодветните апликации за другите платформи, но по драстично и необјасниво повисока цена, од 10 долари месечно! Замислете само, тоа се 120 долари годишно, а згора на тоа, не се работи за трајна лиценца!

[youtube]-I2a6F-vPV8[/youtube]

Единствено поле каде што телефоните каскаат зад преносните уреди за навигација е пронаоѓањето и одржувањето на GPS сигналот. Се разбира дека тоа не ги прави бескорисни, туку дека би можеле да бидат попроблематични во однос на преносните уреди, кои сепак постојат исклучиво за таа цел – да ви го покажат патот. Затоа пак, се продаваат додатоци за телефонот, кои го засилуваат GPS сигналот, за да може да се користи навигацијата течно и без проблеми.

Главниот проблем кај нас е менталитетот на луѓето, кои не би дале ни „скршен денар“ за нешто што „никогаш нема да им треба“, така што и тие 50-тина долари се апсолутно непоимливи. Доколку сте автомобилски ентузијаст кој редовно го користи своето „милениче на тркала“ и поминува големи растојанија, верувајте дека било која од лиценцираните апликации за навигација би ви била повеќе од добредојдена!

4 коментари на “Системот за навигација во автомобилот е прекрасна работа!

  1. Во врска со текстот и авторот. Се работи за препишана статија од некој друг јазик (можеби со мала адаптација), и затоа делува чудно.
    Во врска со Гугл мапите. Самата апликација ги помни мапите и леерите што се последен пат отворени. Па така, може однапред да си ги подготвите рутите и да немате проблеми при патувањето.
    Проблем е да направите нова рута кога сте офлајн.
    А што се однесува до платените апликации. Деталноста на мапите на нашава држава, кај нив најчесто се сведува на неколку градови (претставени како една
    точка – без улици) и автопатите. Ако на пример посакате навигација Скопје – Струмица, може да добиете одговор “Нема познати патишта”.

  2. Текстот е наменет за широка публика, а не само за оние кои се запознаени со технологијата и принципот врз кој функционираат системите за навигација. Токму затоа е напишан во таков стил. Дали бил глуп или не, има кој да оцени.

    За Google Maps забелешката е на место, бидејќи направен е пропуст и не е баш најточно наведено во текстот дека станува збор за предефинирани, готови мапи кои може да се симнат од интернет и да се зачуваат на телефонот.

  3. Celiov tekst e glup , kako 7 godisno dete da go pisuvalo. Toa vo pogled na gramatikata (avtorov neka nauci da koristi zavisni recenici i neka procita nekoja kniga) a vo pogled na faktite , ne e tocno deka Google Maps Navigation nemoze da snima mapi.

    Pozdrav , se nadevam ke se podobrite , oti edni edinstveni ste , nemate konkurencija , a pak ne ve biva

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии