SiriusXM ја купува Pandora за 3,5 милијарди долари

Компанијата која нуди сателитско радио SiriusXM го купува интернет радиото Pandora за 3,5 милијарди долари. Компанијата веќе поседува 19 отсто од акциите на Pandora од јуни 2017, кога ги купи за 480 милиони долари.

Без разлика на купувањето, корисниците нема да забележат никаква промена, а Pandora продолжува да работи независно. Можеби главна причина за тоа е што SiriusXM првенствено се користи за стрим во автомобили, а Pandora дома и во канцеларии на пример.

Главна причина за купувањето секако се 70 милиони активни корисници. Pandora е еден од најпопуларните сервиси за стрим на музика, но не успеваат да го монетизираат ова. Интересно 70 милиони корисници на Pandora се речиси два пати повеќе од 38-те милиони корисници на SiriusXM.

Pandora постои 20 години, последните неколку години Spotify и Apple Music се повеќе од сериозна конкуренција. Тука секако се и куп други сервиси, па само во првата половина на 2018 Pandora загуби 200 милиони долари, вели Verge.

Официјално договорот ќе биде потпишан на почеток на 2019. Клаузула во договорот ќе и овозможи на Pandora да се обиде да пронајде и подобра понуда пред договорот да биде и официјален.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии