Sirius е личен асистент со отворен код, поддржан од Goolgе и DARPA

Google паралелно со Google Now финансира проект на личен асистент со отворен код, со има Project Sirius. Новиот концепт на отворен асистент е добредојдена промена со оглед на тоа дека до сега секоја мобилна платформа си доби свој асистент: Google Now, Apple Siri и Microsofot Cortana, иако Microsoft неодамна најави дека Cortana ќе биде достапна и на iOS и Android.

Sirius е дело на Clarity Lab од Универзитетот Мичиген, кои направија асистент што ќе биде достапен на сите оперативни системи. Најголем дел од технологијате е веќе достапна, а сите заинтересирани можат да допринесат на GitHub, вели Motherboard. Sirius кога ќе биде завршен ќе биде бесплатно достапен за сите кои сакаат да го користат, на сите уреди кои ги поседуваат. Покрај Google проектот е поддржан и од DARPA и National Science Foundation.

Во Sirius во моментов се интегрирани повеќе отворени платформи: Sphinx – за препознавање на говор во комбинација со Caffe – deep neural network, SURF – податочна база за слики и OpenEphyra за одговори на прашањата. Сите овие програми ќе бидат достапни за преземање во еден пакет заедно со Sirius.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии