Siri, Cortana и Google Now ќе го редизајнираат Интернетот

Напредокот на Siri, Google Now и Cortana ќе предизвика потреба од реорганизирање на Интернет, вели Џејсон Марс. креатор на Sirius, гласовен асистент со отворен код. Целта на Sirius е бесплатен и квалитетен гласовен асистент кој ќе демонстрира дека денешниот Интернет не е подготвен за гласовни команди. Станува збор пред се за компјутерските центри кои ќе мора да се променат. „Сакаме да разбереме како идните податочни центри треба да бидат изградени“, вели Џејсон Марс за Wired.

Дигиталните асистенти како Siri, Google Now и Cortana не работат само на вашиот телефон. Работат на илјадници машини спакувани во огромни компјутерски центри, а овие сервиси им се достапни на се повеќе и повеќе луѓе. Со ова проширување нема да може да останат на обични машини. Потребен е хардвер кој ќе биде значително поефикасен.

Sirius треба да биде алатка токму да се креира идеалниот хардвер на кој функционираат гласовните асистенти. Проблемот е што сегашната технологија е речиси целосно непорилагодена за гласовни команди. Така за гласовно пребарување со Sirius потребни се 168 пати повеќе машини, енергија и простор, отколку за Google Search. Тестовите покажуваат дека за гласовните пребарување се поадекватни повеќе процесори кои можат да работат паралелно. За сега решението се гледа во замена на дел од CPU со GPU. Microsoft и Google користат различна технологија, Google токму за сервисот Google Now користи графички процесори, а Microsoft користи FPGA за забрзување на пребарувањето преку Bing.

Во десегашните истражувања на тимот на г. Марс, FPGA е нешто поефикасна и постигнува 16 пати подобри резултати од стандардните. Замената со GPU истотака овозможува подобри перформанси, односно 10 пати побрза обработка во споредба со традиционалната технологија. Тимот на г. Марс смета дека во моментов во блага предност е FPGA како поради побрзата обработка, така и поради поедноставното имплементирање на алатките за гласовно пребарување за корисници кои не сакаат самите да ги програмираат чиповите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии