Singular со награда на Malta Gaming Awards

Image Courtesy of Singular

Британската компанија Singular, која во Скопје има канцеларии од 2013-та година, освои награда на овогодинешните, шести по ред, Malta Gaming Awards, кои се одржуваат за време на целонеделниот гејминг фестивал Malta Gaming Week на островот.

Наградата Singular ја освои во категоријата “Провајдер на годината за мулти-платформско решение” благодарение на својот софтвер – платформа за спорстко обложување. Решението дава целосна контрола на играчите низ целиот циклус на обложување преку модерно конфигурабилно корисничко искуство.

“Да се добие признание од ваков ранг, особено во вака компетититвна индустрија е навистина голем успех за тимот. Се радувам што индустријата го препознава кавлитетот и знае да го најгради трудот кој секојдневно се вложува.” – изјави Дарко Гацов, еден од основачите на Singular и директор на канцаларијата во Скопје.

Според компанијата, софтверот за онлајн обложување е целосно изработен од страна на тимот во Скопје, почнувајќи од истражување и концепт, развој на производот, тестирање, финална испорака и пост-продукциско оддржување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии