Сингапур ќе тестира автономни такси возила

Додека остатокот на светот има проблеми со таксисти кои протестираат против возачите на Uber, Сингапур е неколку чекори подалеку и веќе најавува тестови за автономни такси возила. Стартапот Delphi Automotive е првата компанија која ќе работи со роботи-таксисти. „Голема чест ни е што ќе бидеме партнер со Singapore LTA на овие иновативни мобилни системи, кои ќе го стават Сингапур во првите редови за користење на автономни возила“, вели Кевин Кларк од Delphi.

Ова секако нема да ги израдува таксистите бидејќи предвидувањата се дека цената на превозот ќе падне од 2 долари за километар на 60 центи. Замената на таксистите со автономни возила ќе се случи релативно брзо. Засега возачите остануваат, но до 2019 година ќе започнат со нивно отстранување. Првата рута е долга околу 5,6 километри во бизнис центарот на градот. Пилот-проектот завршува во 2020 година, доколку проектот биде успешен може да се очекува и поширока примена по овој период.

„Започнуваме со мала контролна група, но очекуваме да продолжиме со зголемување. Почетниот пилот проект е мал, но наскоро ќе ја зголемиме флотата на 30, 40 или 50 возила и ќе продолжиме да се шириме“, вели заменик претседателот на Delphi Automotive Глен де Вос за BBC.

Истовремено со Delphi Automotive, на улиците на Сингапур свои возила ќе тестира и стартапот nuTonomy. Компанијата излезе од Massachusetts Institute of Technology и се надеваат дека до 2018 ќе имаат 10 електрични возила на улиците.

4 коментари на “Сингапур ќе тестира автономни такси возила

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии