Сингапур го принуди Facebook да ги одбележува лажните вести

Сингапур успеа да го убеди или барем да го принуди Facebook да објави демант на лажна вест.

Facebook објави поправка на пост на корисник на барање на властите во Сингапур. Заедно со оваа објава излегоа со предупредување ваквите барања за деманти да бидат користени внимателно, јавува Reuters.

Пораката која сега го следи оригиналниот пост е „Facebook е законски обврзан да ве извести дека Владата на Сингапур вели дека во овој пост има лажни податоци“. Оваа порака е видлива единствено за локалните корисници од Сингапур.

Коригираната вест јавува за апсење на свиркач кој на својот блог објавен на 23 ноември, „открил“ завера во кои властите во Сингапур незаконски влијаат на резултатите на изборите. Властите најпрво поднеле барање до блогот за објавување на демант на веста. Но сопственикот на овој блог Алекс Тан, не живее во Сингапур и е жител на Австралија одби да ги направи овие промени. Поради ова сега и г. Тан е под истрага на властите.

„Законот во Сингапур налага да ги одбележиме овие постови за кој властите во Сингапур заклучиле дека содржат лажни информации. Ова се први денови во кои Законот е на сила и се надеваме дека властите нема да влијаат на слободата на изразување и ќе имаат умерен и транспарентен пристап кон имплементацијата“, вели портпаролот на Facebook.

Колку ефикасна ќе биде оваа мерка засега не е сосем јасно. Клучно за објавувањето на известувањето со порака за лажна вест е брзината со која оваа порака се пренесува. Ако веста помине без известување неколку дена, веројатно влијанието нема да биде премногу големо.

Асоцијацијата на интернет и технолошки компании Asia Internet Coalition стравува дека со носењето на овој закон би можела да се ограничи интернет слободата и правото на слободно изразување. Иако законот важи во Сингапур, наскоро и другите држави од регионот, па можеби и поширок би можеле да преземат слични мерки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии