Сингапур додаде токен на апликацијата за следење Ковид-19 контакти

Дејан Соколоски

во Вести

Сингапур беше една од првите држави кои започнаа со апликации за паметни телефони да ги следат Ковид-19 контактите. Денес властите во оваа држава го надградуваат ова со додавање на токен за следење на контактите.

Токенот е преносен компјутер кој ги следи контактите на корисникот. Корисниците треба да го носат токенот постојано, а батеријата трае 9 месеци. Новиот токен се користи како додаток на мобилната апликација, и треба првенствено да им помогне на повозрасните кои не поседуваат паметни телефони. За регистрација корисникот ги користи бројот на лична карта и телефонскиот број. Податоците на уредот се чуваат 25 дена и потоа се бришат.

Што се однесува до начинот на прибирање на податоците, речиси и да нема разлика. Се запишуваат корисници кои се на растојание од 2 метри период подол од половина час.

Еден од најголемите недостатоци на токенот е што сопствениците не можат сами да пратат информација дека се позитивни на коронавирус. Сопственикот треба уредот да го однесе во Министерството за здравство во кое ќе ги прочитаат записите од уредот и ќе ги пратат до контактите.

Најголем недостаток на овие додатоци е немањето можност за приватност. За разлика од апликациите кои може и да го заштитат идентитетот на корисникот сопствениците на токени немаат ваква можност.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии