Надополнето: Time.mk остана сив, ги тргна сината и црвена верзија

Можеби сината и црвената верзија ќе ги видиме повторно во поразлична форма. Time.mk најавува персонализација на вестите, па можеби пристрасните корисници ќе можат да си одберат медиуми, што значи дека пристрасните читатели ќе можат да си одберат свои медиуми.

Во следниот поголем upgrade (Time.mk 3.0) ќе следува: персонален избор на медиуми и подесување на нивната релевантност (тежина), and more ..less than a minute ago via Chromed Bird


</надополнување>

Агрегаторот за вести Time.mk доби две нови бета верзии. Покрај стандардниот Time.mk, сега има син и црвен Time.mk, верзии кои се наменети да го истакнат различните политички содржини во разните медиумите, пример синиот е за тие вести каде се истакнуваат попристрасни вести за опозицијата и критики кон власта, и црвен каде има пристрасни вести кои ја истакнуваат актуелната власт.

„Идејата за оваа опција дојде од самата природа на агрегаторите, а тоа е да не можат секогаш
да ги задоволат сите читатели, т.е. во даден момент агрегаторот е преплавен со црвени вести,
во друг момент со сини вести. “, вели Игор Трајковски креаторите на Time.mk.

Од програмски аспект е многу лесно да се направи алгоритмот да ги одредува вестите на која боја припаѓа, бидејќи постои очигледна поларизација на македонските медиуми, односно се познава кој фаворизира чие политичко мислење, со „чесни исклучоци“, вели Игор.

Одредувајќи 2-3 пристрасни медиуми од двете страни како примарни, доволно е само да се подредат медиумите според сличните вести и со тоа да им се одреди на која боја припаѓаат.

„Треба да имаат одреден % на слични со едната група, за да се обои, значи има голем број на сиви медиуми. Оваа припадност постојано ќе се пресметува и не е константна.“

„Од кога ги имаме боите, на веќе постоечките кластери од вести, во првиот случај на едните вештачки, поради бојата, им се зголемува тежината, а на спротивните малку им се
намалува (за да неутралните релативно ов однос на спротивните им се зголеми тежината), а во вториот случај обратно, и така се добиваат две пристрасни верзии на Time.mk.“

За неутралните читатели, не се грижите, стандардниот неутрален Time.mk ќе остане како почетна страна. Доколку сакате обоени мислења ќе мора да ги отворите соодветните страни.

Игор најавува и анкета со десетици илјади корисници кои ќе споделат мислења за секој медиуми со цел да се одреди бојата – дали медиумот е син, црвен или сив?

57 коментари на “Надополнето: Time.mk остана сив, ги тргна сината и црвена верзија

  1. чисто како експеримент мислам дека идејата е фантастична, и лично би сакал да ја видам и на други агрегатори за вести… зошто? затоа што де факто кај нас медиумите во реалноста се поларизирани, ова само би го потврдило она што сите го знаеме, па ако медиумите сакаат да се "сиви" а не "плави" или "црвени" нека си пазат на уредувачката политика, никој друг не им е крив освен самите себе, и се согласувам со читателот погоре кој коментира дека медиумите се тие кој секојдневно неетички и непрофесионално етикетираат дали по своја или туга нарачка, а сега кога е на своја кожа не им одговара

    1. и патем смачено ми е од цензурирани коментари по сајтовите на македонските медиуми, ако тоа не е ограничување на слобода на говор не знам што е

  2. и да … пак она добро познатото "Мижи Асан да ти баам". Значи прво ајде ќе ставиме боја за да видиме што и како ќе почне да се одбира, па после ќе вадиме приказни дека тоа било ставено заради некаков си "избор" од страна на читателите. Па после ајде било BETA било поради ова, па поради она. Извинете на израз, али не сме во уше правени.

  3. И немие јасно зошто се побунуваат медиумите за фактот дека time.mk не ги пренасочува на нивната веб адреса, кога си постои javascript решение на проблемот.
    <style> html{display : none ; } </style>
    <script>
    if( self == top ) {
    document.documentElement.style.display = 'block' ;
    } else {
    top.location = self.location ;
    }
    </script>
    E сега дали после ова time.mk ќе ви ја индексира веб страницата, прашајте го креаторот.

  4. Нема да навлагам со предлози и критики за направеното како што гледам многу пред мене тоа го направиле, без разлика на се пофалба за направеното чисто поради храброста и поради новоста која за жал ке ја превземат голем број од one men show страни. Единствено што можам да кажам е да не ве плашат коментари и да ве натераат да ги преиспитувате донесените одлуки, сепак сме земја во која на се што е ново се гледа со скептицизам, љубомора и можност за сеир или критика.

  5. Може додатно да се стави систем за проценка од страна на самите читатели, кои сами рачно ќе ги вреднуваат вестите. Вреднувањето мислам дека е проблем кој доколку воопшто се имлементира, треба многу да се обмисли. Најпрвин поради можност за негова злоупотреба од стана на најмените кликачи (да, евидентно е дека постојат луѓе во државава кои земаат плата токму за ова „професија“), а потоа и поради нашата психологија да одиме од екстрем во екстрем (паза нумеричко вреднување со скала од 1 до 5 ќе имаш најмногу единици и петки, а многу помалку оцена 2,3,4). Всушност идеата ми е да се добие некаков фидбек за тоа колку агрегаторот успева „правилно“ да ги обои вестите, со цел да може да се изврши процена на успешноста на алгоритамот, одколку да стане алатка за политичка пресметка помеѓу „обоените“, а со цел истиот подоцна да се поправа/редефинира/подесува (но никако ова вреднување автоматски да влијае на однесувањето на алгоритамот за обојување). Баш ми е жал што Трајковски лесно се откажа од својот експеримент, и се надевам дека коментарите од типот „ама time.mk бесплатно ги агрегира нашите вести“ (јас овде видов притисок) не беа пресудни за неговата одлука.

  6. Jас лично би бил среќен кога time.mk би бил способен да препознае покривање на една иста тема од повеќе медиуми (всушност и веќе го прави тоа преку линкот „сите XX поврзани вести), истите да ги обои со соодветна боја и да ги постави една наспроти друга во иста редица, или лев/десен блок па за оние кои не ги гледаат работите црно бело да можат лесно да ги проверат двете "спротивставени гледишта“ па сами да проценат кој е пообјективен, или како што најчесто забележувам дека се случува, како која страна потенцира едни факти околу темата, а намерно испушта други. Уште поубаво што во средината може да се презентираат гледиштата од медиуми кои се проценети како неутрални (иако за жал не верувам дека постојат кај нас).

  7. Го препрочитав (3)-тиот дел од мислењето на Геровски и можеби си умислувам ,ама добив впечаток дека истиот е на мислење дека вестите на time.mk се додаваат рачно, а не со помош на компјутерска скрипта која работи врз основа на некаков алгоритам. Неможам да пресудам дали бета верзиите би предизвикале позитивни или негативни реакции кај неговите корисници, а со тоа и можен негативен импакт по довербата во сајтот, ама мене идејата ми се допаѓа. Ако ништо друго како научен експеримент што верувам дека на Игор Трајковски му е исто така битно во однос на неговата професија.

  8. Па, веројатно секому кој го чита агрегаторот му е јасно дека поделбата на ЛЕВИ и ДЕСНИ е само сатиричен одговор на Time.MK на она што ни се случува во реалноста. Хипокризија е да се осуди една брилијантна и здрава реакција на до апсурд доведената политичка поларизираност на традиционалните медиуми. Никој разумен не може да помисли дека со тоа се етикетираат медиумите, ниту пак дека Time.MK ја истражувал и оценувал секоја вест поединечно, па сега цврсто стои зад своите научно потврдени наоди.

    1. Жане, како сатира е ОК, исто како експеримент, ама медиумите не се составени од еден човек, туку од многу. Со поделбата им се зима и тоа малку независност што ја имаат новинарите во однос на политичките опции, редувачката политик, газдите… односно и` се дава легитимност на девијацијата. Тајм има суштински новинарски момент во потегот, а тоа е насочува кон општествена девијација, но поради другите аргументи не е добро да поделбата да се прифати. Има луѓе кои не расудуваат и можат да бидат заведени кога некој медиум, според некој критериум се обоил.

      1. Ричи, не ја легитимира time.mk нивната девијантност, ниту им ја зема независноста…. тие самите се делегитимираат континуирано пред публиката која многу добро ја идентификува и препознава нивната податливост или предаденост на власта и на политичките партии, директно или преку газдите. Се согласувам дека моментот на нивна условна поделба е од уредувачка природа, но потсетувам дека се тие (најголем дел) веќе одамна поделени…. Време е да се фокусираме на главниот проблем – а, тоа е причините кои влијаат на оваа состојба … И ОТВОРЕНО ДА ПРОГОВОРИМЕ.

  9. E da be, Latas so prai sam svoi vesti e ok, a ova sto na lugeto im se nudat razlicni perspetkivi toa necini … Bas zirkajte gi i dvete verzii pa ke svatite kolku se polarizirani mediumite (sami si se krivi) i kolku ima potreba plav i crven Time.mk.

    Novninarite nema portreba da panicat, oni i taka si imaat etiketi, pa i samite se svesni za toa …
    Plus leb za niv sekogas ke ima. Twitter, facebook, time.mk ili bilo koja druga Web 2.0 finta samo ke im pomogne da stignat do svoite citateli, nisto nema da im ukrade. Postojat i staistiki koi potvrduvaat deka, i pokraj se, tradicionalnite mediumi seuste se glaven izvor na informacii koi potoa samo prostrujuvaat niz novite mediumi.

  10. strategija "sajt mi e, dvor mi e" e najdobroto resenie! Gospodo novinari ako mislite deka nekoj trca samo po vasata i samo vasata sodrzina slobodno primenete go pristapot na kapital ili na svetskiot the daily, pa da ve vidam. Kraj kraeva ne e samo 1 agregator na vesti … imash daily.mk, guru.mk, ping.mk, log.mk, … i drugi koi najverovatno ne gi znam, pa mozete da gi koristite bez da plukate po online aplikacii bidejki znaete nema tie da izlezat pred vlada, da placat vo svoite dnevnici, da urgiraat kaj megjunarodna, da vitkaat race, … I za kraj sakam samo da vi potenciram nesto drugo … za 2-3 godini ke se usovrsat algoritmite za prevod na vestite pa duri togash ke izvestuvate za semkarite koi nelegalno postavuvaat tezgi pred stadion, a vie ste plakjale ddv :D

  11. Револуцијата ги јаде своите деца, а кај нас ги ждере подбутнувајки ги со жегава газирана пијачка склопена во подрум. Обидот иако во Бета фаза успеавме да го отстраниме. Уште едно големо браво за НАС. Боите не се за далтонисти . Штета

  12. Што се однесува до правилата за рекламирање на Time.MK, го поздравувам Игор Трајковски. Кај нас ретко кој има чувство на етика и одговорност, особено кога станува збор за рекламирањето…. Тоа се вика саморегулација… а не цензура. За се што е содржина на Интернет, независно дали е онлајн медиум или агрегатор, нема да постојат други правила освен оние (етичките) кои самите понудувачи или „собирачи“ на содржини ги објавуваат…. За жал, тоа што најмногу им недостасува и на традиционалните

  13. Искрено баш ми е жал што се повлече Time.mk, мене идејата многу ми се допаѓаше, не знам зашто сите се најдоа повредени кога реалната ситуација во Македонија е баш таква. Не оставија ни ден за тест.
    Интелегентен потег на Time.mk, се надевам ќе ја раздрма оваа партиски затапена Македонија со уште поинтелегентни решенија.

  14. Дел сум од онлајн медиум кој навистина се обидува да биде независен и неутрален, но во случајов би коментирала како “цивилен“ набљудувач.

    Настрана техникалиите во врска со способноста за прецизна и објекитвна поделба на вестите, односно нивните очигледни “фалинки“…Барем сега не ја согледувам конструктивноста на ваквата подебла во однос на подобро корисничко искуство (во тој, да го наречам “практичен“ контекст, ми делува излишно), но затоа пак ја поздравувам како начин на потенцирање на очигледниот проблем и суштински недостаток на македонските медиуми.

    Конечно, кога тие дрско демонстрираат, односно вршат упад со својата пристрасност, не гледам причина зошто било кој би требало да биде коректен и да внимава да не ги етикетира.

    1. "Конечно, кога тие дрско демонстрираат, односно вршат упад со својата пристрасност, не гледам причина зошто било кој би требало да биде коректен и да внимава да не ги етикетира"
      – Se slozuvam

  15. Во ред. Овој бета тест, по се изгледа не е добра идеја, и ќе почека уште малку до целосна персонализација, па кој како сака нека подесува. Фала за сите коментари и дискусии. Линковите до ЛЕВО и ДЕСНО се тргнати.

    1. Добра одлука е да се направи персонализација, ова лево десо јас би го ставил во Time.MK labs и да може некој ако сака сам да го активира не некој начин

    2. Штета.
      Беше прилично храбар потег од ваша страна кој имаше потенцијал да потегне конструктивна јавна дебата. Се надевам дека што поскоро ќе се навратите на истиот.

    1. Ај да го бранам сега малку. Мислам дека она со воведувањето правила за рекламирање на медиумите е токму за да ја зачува независноста.
      Замислете да беше друг, кој нема принципи, па да му шушнете некое илјадарче под маса за цел ден да седите најгоре. Мислам дека целта на Тајм е повисока и сака да биде независен и објективен во изборот, а рекламирањето со вести наместо со банери се коси со тие принципи, односно фаворизира медиуми.

  16. Да знам што е медиум, а што агрегатор, но погледни ги сличностите.
    Кога каков и да е ентитет зема АКТИВНА улога како посредник во масовната комуникација станува „медиум“, иако не во класична смисла.
    Ентитетот кој се сместува во таков силен тек на информации и активно влијае на преносучувањето на истите, колку и да има намера да не врши никакво влијание, има одговорност.
    На крајот на краиштата активното играње при програмирањето на алгоритмот, кое BTW лесно може да створи God syndrome, не е „избор на публиката“. Публиката бира меѓу опциите, ама опциите се конфигурирани од човек – што е човекот, ако не уредник во тој случај?

  17. Ne e korektno ova sto go pravi time.mk. Gi koristi drugite mediumi koi investiraat grdni pari za odrzuvanje na svoite mediumi, a time bez nikakvi mesecni trosoci sobira pari. Tteba da se podzamislat site mediume dali voopsto treba da prodolzat so sorabotkanso time.mk

      1. Ок, оти во плаво го нема, па користам дедукција :) Ај со среќа бетата иако искрено мислам дека не е умно да се става етикета на некој, без разлика дали е очигледен нечија наколонетост или не. Не е здраво за демократските процеси етикетирањето. Здрава е самостојната дедукција…

  18. Сакам експерименти, ама по малку се согласувам со сите. Го ценам Игор и неговите алгоритми и не сакам да го кочам во идеите, ама некој да се дрзне да им лепи етикети на медиумите јавно е невкусно. По дома може да си правиме сеир со медиумите, со комшиите, јавните личности… ама јавно не. Тоа е разликата од тоа што го знаат медиумите и тие што сега го земаат нивното место, да знаат, или да насетат, што е вистина, што е грешка, што е навистина битно, а што ќе се заборави до утре.
    Значи како експеримент „тамбс ап“, ама како јавен потег „епик фејл“

    1. Тиме.мк не е медиум, туку агрегатор. Бар ти го знаеш тоа. Целта ни е да ги задоволиме читателите а не уредниците на медиумите. Тие на крај одлучуваат не кого му веруваат и каде најверојатно ќе бидат објективно информирани и каде најлесно ќе најдат што ги интересира.

  19. Погледнете ги последните реченици на овие два текста па кажете ми дали агрегатор може да ги раздвои нив без да му се каже кој медиум на која боја влече?
    1. Сител – Владата имплементира над 70%….
    2. АлфаТВ – Бизнисмените на појадок….

    А ако на системот, човек му каже кој медиум каде припаѓа тогаш паѓа во вода целата филозофија дека нема уредувачка политика на самиот сервис. 2/2

      1. Сакаш да кажеш дека возможно е машина да го разликува ова што го наведувам во примерите? Помогни ми да разберам, јас не кријам дека не знам нешто.

      2. Фала Кире. Ценам. Не дека разбрав многу од методологијава, ама ете штом велиш дека може, а ова е некој вид доказ, тогаш верувам дека може :) и ќе си знам за понатаму.

        Само, сепак, да се вратам на темава, како комплетно незаинтересиран за политика и максимално настроен кон де-политизација на општеството не ја поддржувам идеајта за црвен и плав time.mk :)

        Се читаме…

      3. mene ideata mi bese ako ima crveni plavi i sivi, da si gi isklucam site i osven sivite za da ne mi smetaat posto navistina od spamovi ne mozam nisto da razberam

  20. Фактот кој докажува дека одредени медиуми се свестиле за потребата од оптимизирање на своите содржини според динамиката на консумирање на истите од страна на нивната (потенцијална) публика е многу позитивна работа. Во времето кога група медиуми се бунеа против агрегаторите јас го истакнував токму тоа. Дека наместо да се бунат треба да видат како може да изадат максимум од тоа.

    Е сега, работа на агрегаторот (Игор или кој и да е одговорен од негвиот тим) е да го унапредува алгоритмот за да може да ја одржи релевантноста на агрегираните инфорамции според потребите и очекувањата на публиката. Исто како што Google го усовршува алгоритамот за рангирање на резултатите од пребарување и додава нови елементни кон истите.
    Тиме.мк решиле да одат напред, и според мене, решиле да одат напред во комплетно погрешна насока. Не одат напред со сголемување на релевантноста на она што најдобро го прават туку одат во сосем друга насока. Факт е дека по природа секој човек ги консумира медиумските информации за да си ги поткрепи и потврди своите веќе изградени ставови и гледишта, но тоа не може да се случува на место каде се собираат сите вести. Има листа на извори па нека си појде кој сака таму и медиум по медиум нека си листа. 1/2

    1. Дарко по дефинисија кога A вели X, а B вали not X, и притоа А и B имаат приближна релевантност (авторитет, тежина, како сакаш кажи го) и го објават текстот во приближно исто време, ако го ставиш едниот пред другиот, а еден мора да ставиш, едниот ќе те обвини дека уредуваш. Формулите се објавени во публикација и важат за сите и тоа е таканаречената неутрална верзија, а верзиите ЛЕВА и ДЕСНА се почетен обид којшто ќе се надоградува да им помогне (ако им се допаѓа почетниот обид) да погледнат од друг агол. Ако не им се, IGNORE. Толку.

      1. Добро де, не се лути ти одма :). Сте ставиле бета верзија на тест. Ова се нашите реакции. Согласно нив или реакции на сите други вие ќе си донесете одлука :)

        Иако, за воља на вистината јас не можам да се кажам дека сум редовен корисник на Тиме.мк. Едноставно се трудам да не консумирам вести на редовно, дневна база. Одам строго наменски :) Ова го кажувам за да ја намалиш релевантноста на моите коментари ако мислиш дека треба кога ќе носите одлука :)

  21. (2/2)

    Time.mk мора, пред сѐ, да се грижи за своите онлајн посети — дури и ако тоа значи и „ваква“ поделба каква што ја има сега. Основниот приход на time.mk се рекламите на огласувачите кои сакаат да бидат видени од 15 милиони пара очи годишно. Практично, и немаат некој избор.

    Она што time.mk би можел да направи е да овозможи подобар и подетален интерфејс за избор на медиумите кои ги агрегира, и да остави на читателите да подесат што сакаат да читаат. За оние кои ќе нема да сакаат да бираат, треба да има неколку предефинирани сетапи кои, секако, нема да бидат идеални.
    Изгледа дека не ја разбираат докрај својата моќ на фрагилниот македонски медиумски пазар. Своите одлуки мора добро да ги разработат пред да ги материјализираат. Од друга страна, секогаш можат да кажат „сајт ми е, двор ми е“, но ризикуваат губење на дел од посетителите.

    1. Па сега, не сум баш сосема нов и неупатен во она што се случува на интернет…
      Како и да е, не ми беше намерата некого да разубедувам во нешто. Се додека некој не произведува вести, туку живее од туѓ труд, за мене е апсолутно ирелевантно колку пара очи сето тоа го гледаат. Јас само велам дека е непристојно некој што само агрегира вести арбитрерно да ги „фарба“ своите извори и да не убедува дека неговиот „неутрален“ избор е безбоен. Инаку, црвениот Time.mk дефинитивно повеќе ми се допаѓа. Всушност, розовата боја повеќе му одговара.

      1. Не мислев дека си неупатен, воопшто. Напротив, кога се работи за медиуми, јас сум ти еден од followers-ите, :)

        Сосема е јасно кој е производителот, а кој го искористува тоа.
        Но, ако целта на еден медиум е да допре до колку е можно повеќе публика, тогаш агрегаторите се клучната алка. Во ваков случај веќе не зборуваме за паразити, туку за еко-систем, синџир на движење на информациите. Уште да постоеше начин како сето тоа да се наплати …

        Се согласувам, time.mk требале да побараат и „политички“ совет како (и дали) да ги фарбаат издавачите (иако, не згрешиле баш многу). Како што реков, сеуште ја немаат осознаено својата важност и дека не се само информатичари кои прават алгоритми.

        Еве, читам на Twiter дека веќе во следната верзија ќе воведат персонализација за корисниците. Ја очекуваме колку е можно побрзо.

      2. Затоа и има таг – БЕТА. Затоа што финалната "боја" не е конечна туку со привремено решение кое е кажано како е изведено. Ете кога сте запнале ќе ги кажеме: од една страна како почетни обоени се Сител и Вечер, од друга А1, Време и Шпиц. Тие се одбрани како медиуми кои имаат навистина различен поглед на тековните случувања и толку, не осудуваме кој е во право кој е прав кој е крив. Над база на нивните текстови, одредена е и степенот на наклонетоста на ставовите на другите медиуми, според тоа колку слични текстови продуцираат со едните или другите. И пак ќе речам, ова е привремено ад-хок решение, за брзо време ќе има анкета на која работиме за да има 0% можност за манипулација со скрипти, и самите читатели ќе одредат кој колку на каде влече. Но веројатно и на тоа ќе се сомневате, па затоа уште понатака секој читател ќе може да си конструира свој Time.mk каде ќе си подеси кои медиуми сака да ги чита кои да ги игнорира и колкава релевантност да им придаде, но за сето тоа треба време за развој.

      3. Мислите дека ако Time.mk има уредувачка политика, било каква, дека ќе беше #1 сајт за вести ? Мислите дека ние би ја ризикувале таа позиција со ваков потег ?

        Новите 2 верзии на Time.mk се само за читателите кои ги бараа овие верзии. И за кои јасно се гледа и е кажано дека се "наколнети". На крај краева на кој не му се допаѓаат воопшто не мора да го чита. Тоа се само 2 нови БЕТА сервиси кои се во развој.

        А тоа за туѓ грб не го ни коментирам. Воопшто не сте ја сватиле додадената вредност на агрегаторите. Според вас не треба да постои ни Google, затоа што живее на туѓ грб, и не продуцира никаква содржина. Затоа ќе го цитирам Ванчо: welcome to the new world!

  22. Геро, welcome to the new world!

    Јас имам сосема спротивно искуство од твоето. Имено, престанав да го посетувам time.mk баш поради поплавата од „вести“ од политички-контролираните медиуми.
    „Таквите“ први ја укапираа динамиката на он-лајн читањето на вести во Македонија: насабајле, на работа, со првото кафе (веројатно е слично и во поголемиот дел од светот).

    Останатите медиуми, особено печатените, ја одложуваат објавата на интернет изданијата, поради желбата да продадат колку е можно повеќе тираж од печатеното издание.

    Се разбира, политичките мегафони можат да си дозволат луксуз да објават на Интернет многу рано, затоа што и не живеат од тираж, туку од исплатите на своите принципали.

    Угоре високо, удолу длабоко — тоа е ситуацијата во која се наоѓаат сите независни медиуми. Дали да сочекаат да земат некоја пара која чесно си ја заработиле, или да ризикуваат ирелевантност на Интернет, особено на time.mk и неговите завидни 1 милион (и кусур) посетители месечно — публика за која можат да сонуваат off-line?

    Правилата на Интернет се сосема различни од оние на кои медиумите се навикнати. Ако е некаква утеха, тоа е светски феномен, и им се случува и на New York Times, Le Monde, Telegraph …
    (1/2)

  23. (3)
    Агрегаторот Time.mk го користам редовно во својата работа. Но, да бидам искрен, изборот и уредувањето на вестите го следам со голема доза резерва, не поради сопствената, туку поради претпоставената пристрасност на агрегаторот, која сега, со поделбата на медиумите на „црвени“ и „сини“, за жал, се потврдува. Останувам во надеж дека Time.mk еден ден ќе одлучи и ќе успее да го објективизира агрегирањето на вестите и нивното презентирање. Заради сопствениот кредибилитет.
    Бранко Героски, уредник на „Шпиц“

  24. (2)
    Доколку сака објективно да ги вреднува вестите што ги пренесува и на тоа да го прилагоди својот софтвер, Time.mk треба да ги почитува објективните параметри за нивниот досег – тоа е гледаноста кај телевизиите, тиражот кај весниците, посетите кај веб сајтовите, мерењата на перцепција за довербата во анкетите на јавното мислење и слично. Во „нормалниот“ свет тоа се аршините со кои се вреднуваат медиумите. Само во Македонија е можно некој да става знак на равенство меѓу весник со 30.000 и весник со 3.000 тираж, меѓу телевизии кај кои разликата во гледаност на информативните емисии (вестите) е десеткратна, па и поголема.

  25. (1)
    Почитувани,
    Впечаток е дека овој експеримент на Time.mk доаѓа по зачестените критики во дел од јавноста дека вестите со критички дискурс кон стварноста тешко се пробиваат на насловната страница на агрегаторот. Тоа е и моето скромно мислење, како чест посетител на овој сајт.
    Но, убеден сум дека со поделбата на медиумите на „црвени“ и „сини“, Time.mk си прави лоша услуга. Волунтаристичкото делење на медеиумите на два табора е чин на некоректност и непристојност од страна на агрегаторот, кој, патем речено, бесплатно ги користи нивните содржини.
    Бранко Героски, „Шпиц“

    1. Господине Геровски она што е со критички дискурс кон стварноста а тешко се пробива се цензурираните и селективни коментари на вашите медиуми, кој сакаат да прикажат вештачка слика, онака како што вам ви одговара,за ситуацијата во земјата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии