Симнете го Firefox 8 еден ден пред официјалното претставување

IT.mk редакција

во Веб, Софтвер

Firefox 8 ќе биде достапен на 8-ми, утре, но можете уште сега да ја симнете финалната верзија за Windows, Mac и Linux. Прелистувачот може да го симнете од FTP серверите на Mozilla, открива GHacks.

*(На некои корисници им се прикажува екран за логирање на FTP серверите, па затоа еве линк до верзијата за Windows, за Linux и до верзијата за Mac)

Интересно 8-мата верзија на Firefox се појавува само шест недели откако беше објавен Firefox 7. Најголемата новина кај оваа верзија e вразана со безбедноста, односно додатоците кои се инсталираат од трети апликации се изгасени по зададено (default). Праксата до сега беше кога се инсталира софтвер, најчесто анти-вирус, тој софтвер да инсталира и додаток кој не беше проверуван од Firefox, ниту пак корисникот добива нотификација. Сега сите такви додатоци ќе бидат исклучени веднаш, па доколку корисникот сака ќе може да си активира свесно.

Други новини се додаден Twitter пребарувач, има подобро менаџирање на додатоци, пример при секоја нова верзија првиот екран по стартувањето ќе биде мануелно активирање на додатоците, ќе има опција да се стартуваат одредени табови по кориснички избор со стартување на прелистувачот, а ќе има и подобра поддршка за HTML5 и уште неколку подобрување на работењето на прелистувачот.

2 коментари на “Симнете го Firefox 8 еден ден пред официјалното претставување

  1. Сите верзии на Firefox (почнувајќи од v5) се објавуваат 6 недели по објавувањето на претходната верзија. Исто така, сите верзии се поставуваат на FTP серверите на Mozilla 3-4 дена пред официјалното претставување.

    На тие што им се појавува прозорче за најава, треба да кликнат "cancel", па "refresh".

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии