Симнати се 100 милиони апликации од Mac App Store

Apple објави дека продавницата за Mac надмина сто милиони симнувања на апликации за помалку од една година откако беше стартувана. Оваа бројка ја прави Mac App Store да биде најголемата и најбрзо растечката продавница за PC софтвер во светот.

Mac App Store беше стартувана да биде десктоп верзија на претходно стартуваната продавница за мобилни апликации, App Store. Продавницата за iPhone и iPod се покажа како успешен модел за дистрибуција на апликации бидејќи им го олесни наоѓањето на интересни апликации на корисниците, а на програмерите им обезбеди полесно да продаваат софтвер.

„За само три години App Store го промени начинот на како луѓето користат мобилни апликации, и сега Mac App Store ја променува традиционалната софтверска индустрија за PC.“, вели Филип Шилер oд Apple.

Разликата од мобилната и десктоп продавницата е што преку Mac App Store се продава поквалитетен и пософистициран софтвер како на пример, Autodesk продукти или, пример, музичкиот софтвер djay на algorridim.

„За помалку од една година ја префрливме дистрибуцијата на djay за Mac да биде екслузивно достапен само преку Mac App Store. Со само неколку клика, djay за Mac е достапен за корисниците во 123 земји ширум светот. Никогаш немаше да допре до толку многу луѓе преку традиционалните канали.“, вели директорот на algoriddim, Карим Морси.

Следејќи го овој успешен модел на Appel, и конкурентниот Micrоsoft претстави своја продавница за апликации за Windows која ќе стартува во февруари 2012-та, заедно со објавувањето на бета верзијата на новиот Windows 8 оперативен систем. Ќе биде интересно да се види за колку време продавницата на Microsoft ќе стигне до 100 милиони симнувања, земајќи во предвид дека Windows е доминантен оперативен систем, скоро 90 отсто од глобалниот пазар му припаѓа на овој ОС. Можеби за месец?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии