Силициумска долина и TechCrunch Disrupt – Сан Франциско

Image courtesy of Nina Nikolikj / #StartupSelfie

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ. Нина е стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie во кој објавува интервјуа со регионални стартапи.)


Откако се вклучив во стартап заедницата мој најголем сон е да поминам некое време во Силициумската долина, да го истражам Сан Франциско и да видам каде се раѓа „стартап магијата“.

Оваа пролет еден од експертите од #SwissEP беше Џон Бигс. Една од работите кои ги направивме заедно е организирањето на првата TechCrunch средба во Скопје. Победниците, Letz, освоија 2 билети и кабина за TC Disrupt San Francisco. Се сеќавам дека му кажав на Јован, ако се појави можност и јас ќе дојдам на „светиот грал на технолошки конференции“. Сè уште без да знам за мојата YTILI стипендија и за Сиетл како локација во која ќе бидам сместена.

Во септември, во исто време со мојата стипендија се одржуваше TC Disrupt San-Fran. Побудалев од возбуда. За мене ова беше единствена можност, уште повеќе кога дознав дека сум прва жена од Македонија која ќе биде дел од TechCrunch Disrupt во San Francisco.

Во изминатиов период научив една работа: „Кога си на конференција (пред се на голема конференција) мора да се подготвиш порано и да ги зацрташ своите цели“. Најголем приоритет ми беше да го претставувам едниствениот македонски стартап таму – Letz. Да им помогнам да се поврзат со инвеститори. Втора цел ми беше да се сретнам со што е можно повеќе професионалци за програмата Western Balkans Entrepreneur-in-Residence. Трета цел ми беше да научам повеќе за тоа како се работи во Силициумската долина и секако, да одам до Googleplex и/или во Facebook HQ.

Летот од Сиетл до Сан Франциско ме држеше во исчекување, едвај чекав да започнам со моето патешествие во Силициумската долина. Штом ќе излезете од аеродромот веднаш може да го почуствувате и да го искусите искуството на висока технологија.

Ден 1 на TechCrunch Disrupt San Francisco и прва цел

Со двајцата основачи на Letz, Нино и Мартин уште рано стигнавме до Pier48 и го уредивме штандот во секторот за вештачка интелигенција на Startup Alley. Бидејќи основачите имаа претходно договорени средби со инвеститори, мојата цел беше да го претставувам Letz и да комуницирам со посетителите на штандот. Беше интересно искуство да се раскажува и да „се продава“ производот на можеби над 1000 посетители. Сепак, една средба многу ме израдува. Една жена застана пред штандот и кажа дека знае за Луси (асистенот на Letz). Нејзиното момче постојано зборува со неа. Наскоро дознав дека оваа жена, Ејприл, работи во американско-кинески инвестициски фонд. Фондот инвестира во стартапи кои работат со вештачка интелигенција во А-инвестициски циклус. Ова беше вистински момент да споменам дека работиме на собирање на инвестиција од 1 милион американски долари. „Ох, ова е премалку!“, ми рече. „Ние во серија А инвестираме од 3 до 4 милиони долари“. И кажав на Ејприл дека сме тука за подедално да разговараме, и веднаш ја поврзав со основачите за да може да ги преземат следните чекори.

Поука: Има интерес во САД за европски стартапи. Но, се чини дека Источно-европските стартапи се проценети пониско од стартапите лоцирани во САД. Има многу фактори кои влијаат на проценката. Најверојатно најдобро е пред да започнете со инвестициски циклус, добро да ја проверите проценката. Бидејќи сепак, давате дел од вашата компанија.

Интересно: Една од моите омилени серии е Silicon Valley, тоа што можев да го сретнам Џаред, беше момент кој ќе ми остане во сеќавање долго време.

Втор ден и втора поставена цел: Entrepreneur-in-Residence

За време на тридневната конференција, можев да се сретнам со пријатели од различни стартап заедници, но и со многу нови луѓе. Штом ја споделив Entrepreneur-in-Residence програмата, беа заинтересирани за повеќе детали. Регионот Западен Балкан за најголем дел е непозната стартап територија; Луѓето не знаат за она што се случува таму  и колку е развиен стартап екосистемот.

Поука: Споделувајте ги постоечките можности со што е можно повеќе луѓе. Во моментот можеби не сте свесни за значењето или за можностите. Сепак на подолг период, сè ќе биде појасно. Овој трансатлански мост може да се зајакне со поддршка на претприемачите и со размена на експертизата.

Интересно: Ми пристапи момче со идентично презиме како моето. Ова беше пријатно изненадување, да се сретнеш со ваква личност 10.000 km подалеку од местата од кои потекнувате. Димитрие е млад и надежен претприемач со потенцијал да стане EiR во следниот период.

Ден 3 и трета цел: Посета на Googleplex

Можеби мислите дека може да дојдете во Googleplex и да шетате наоколу. Благодарение на врските на мојата пријателка Мерилин, се запознавме со Пабло кој е вработен во Google. Така тројцата си обезбедивме тура во комплекс кој најверојатно е голем колку и градот од кој потекнувам. Ова беше одлична можнот да дознаеме повеќе за брзиот раст на Google и да видиме како е да се работи за огромна корпорација. Има сè што може на некој да му затреба во било кое време.

Поука: Потребно е многу труд за да почнете мала компанија и да станете гигант. Сепак, со вистинска платформа, тајминг, систем за поддршка, креирање на компаниска култура која ги задржува миленијалците, компанијата може да постане гигант како Google.

Интересно: Барем 3 часа се чувствував како да сум вработена во Google, дел од семејството на Google, пиев кафе во една од снек собите, возев Google велосипед низ кампусит, зборував со вработените… Навистина  нереално искуство, да се биде во седиштето на нешто што секојдневно го користам!

Лекции од Силциумската долина:

Можеби имав превисоки очекувања од Сан Франциско и Силициумската долина, па ова влијаеше на моето севкупно искуство. Бев шокирана што можев да видам огромни разлика помеѓу екстремно богатство и толку многу бездомници, на истите улици, во истиот урбан центар… Ви се крши срцето. Поминатото време во Силициумската долина, Сан Франциско… ми помогна да го сфатам ова… Препознајте дека бизнисите и општеството се заедно – не се различни светови!

Се надевам дека во следнат моја посета, работите ќе се променат на подобро…

Поздрав!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии