Signature Touch e најскапиот Android телефон кој чини 22.000 долари

Британскиот производител на прескапи телефони Vertu го издаде Signature Touch, кој во моментов е најскапиот Android телефон досега. Цената му е 22.000 долари. За таа цена се разбира корисниците ќе го добијат најдобриот хардвер кој е достапен во моментот. Signature Touch доаѓа со: четири-јадрен Snapdragon 801 процесор на 2.3 GHz; слободен простор од 64 GB; 13 МР/2.1 МР камера; 2.275mAh батерија и 4.7-инчен дисплеј со резолуција 1080р. Телефонот доаѓа со Android 4.4 оперативен систем и NFC, LTE и можност за Qi бежично полнење. Екранот е петта генерација на Sapphire, изработен од титаниум и производителот го тестирал од -42 до 80 целзиусови степени.

Тоа што го прави овој телефонот волку скап е луксузот кој го наплаќа Verdu. Сите телфони се рачно изработени и во зависноsт од текстурата на маската чинат од 10.300 долари па се до 22.000 долари. Доколку ова ви игледа на прескапо Vertu изработува и телефони по нарачка изработени од злато или платина чија цена е и шест цифрена. Сепак и покрај навистина лудата цена телефоните на Verdu немаат никаква предност пред Samsung Galaxy S серијата, LG Nexus, HTC One, iPhone или телефон од било кој друг производител.


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии