Signal е единствената апликација за пораки која ви е потребна

Најверојатно сите кои го читаат овој текст користат барем една апликација за пораки. Messenger, Skype, Viber, WhatsApp, Snap и што уште не. Секако, имате некоја потреба за неа, без разлика дали тоа се пријатели кои немаат друга комуникација, или нешто сосем друго.

„Има само една апликација која сите треба да ја користиме: Signal. Има одлично криптирање, работи на секоја платформа, и девелоперите се посветени да ја одржат едноставна и брза, без додавање на реклами, веб-следење, налепници или анимирани емотикони“, вели Wired.

Сепак Signal е една од најдобрите апликации за пораки кои се достапни. Апликацијата е безбедна пораките се криптирани, а криптирани се и аудио говорот и видеата. Дополнително, нема куп глупости, на пример игри кои се сосем непотребни. Корисникот може да избере да ги избрише сите пораки кои стигнуваат, што ја зголемува безбедноста на апликацијата.

Signal е достапна за сите платформи, Android, iOS и десктоп, што е огромна предност.

Aпликацијата е наједноставна што може да биде. Ако можете да испратите SMS порака, можете да го користите и Signal. Дополнително, апликациајта е сосем бесплатна. Не само што не треба да платите, туку нема ниту реклами. И за разлика од најблискиот конкурент, WhatsApp, Signal не е во сопственост на најголемата друштвена мрежа која едвај чека да ги собере сите ваши податоци.

Во последниот период прашањето на приватност и криптирани разговори е честа тема на разговор. Без разлика дали причината се барање на власти за отклучување на телефони или барање за оставање на отворени канали по кој ќе може да се читаат разговорите. Во овој период, приватноста е тешко да се добие, па не е лошо подобро да ја чуваме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии