Шведски тим освои 1,4 милиони долари на Dota 2 турнир

Тим од шведски гејмери ја освои најголемата награда што досега е доделена на гејминг турнир. Alliance го победи украинскиот тим и претходен шампион, Na’Vi, на Dota 2 турнирот во Сиетл. Tурнирот International 3 беше гледан од 1.700 гледачи во салата и над 1 милион гледачи на онлајн стримoви. Првото место им донесе на Alliance oколу 1,4 милиони долари, додека Na’vi доби 632.000 долари за второто место. За освоено трето место тимот од Малезија, Neolution Orange, доби награда од 280.000 долари.

Фондот на наградите оваа година изнесуваше околу 2,9 милиони долари. Valve донираше 1,6 милиони долари, додека останатите пари се соберени од фановите кои купуваа „compendium“-и за по 10 долари, од кои 2,5 долари одеа во наградниот фонд. (Фала до Александар Андевски за дообјаснувањето)

Оваа вест доаѓа само неколку недели откако американските власти ги препознаа играчите на Dota и сличната League of Legends како е-спортисти. Ова значи дека играчите ќе можат полесно да добиваат виза за да се натпреваруваат на интернационални турнири. Дени Shiphtur Ли е првиот е-спортист кој доби виза да работи и живее во САД. Ли ќе тренира со Riverside тимот за престојниот League of Legends турнир.

[youtube]-8HBr1EGX1I[/youtube]

2 коментари на “Шведски тим освои 1,4 милиони долари на Dota 2 турнир

  1. Na`Vi не се лански шампиони, iG (invictus gaming) победија минатата година. Na`Vi победија на првиот The International пред 2 години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии