Шведската Пиратска партија ќе ги осигурува пиратите

Шведската Пиратска партија организира осигурување во случај на казна за пиратирање и споделување на торенти. Мотивацијата зад потегот е пред се што споделувањето на торенти, и покрај тоа што е илегално, е еден од најпопуларните начини за гледање филмови, слушање музика, играње видео игри или читање книги.

“Додека сте на Интернет многу е тешко да знаете кога го прекршувате законот, а кога не правите прекршок. Според јавното мислење законот за авторски права не е втемелен на правда. Затоа сакаме корисниците на Интернет да се чувствуваат безбедно.“, вели претседателот на Пиратската партија, Густав Нип за The Local.

Идејата за осигурување на прекршителите на закон доаѓа од претходен проект, кој ги заштитува Швеѓаните кој се „шверцуваат“ во метрото во Стокхолм. Иако овој проект ќе ги заштити граѓаните од парична казна, прекршителите кои ќе бидат осудени на казни затвор ќе мора да си ги одлежат казните.

Сепак најчест случај, дури 95 отсто од казните за пиратирање се условни, па паричното осигурување на би помагнало ниту овде. Уште поважно најголем дел од државите сега се решаваат за закон кој ќе го ограничи пристапот до Интернет на прекршителите, без разлика дали станува збор за намалување на брзината или времена забрана за пристап на Интернет.

6 коментари на “Шведската Пиратска партија ќе ги осигурува пиратите

  1. "споделувањето на торенти, и покрај тоа што е илегално…" – сериозно? Илегално е споделување на торенти?

    1. Текстот е за пиратеријата. Во контекст на текстот, споделувањето (пиратски) торенти е илегално.

      Башка, тоа дека споделувањето торенти е легално важи за колку 1-2% од севкупниот торент сообраќај?

      1. Според одговорот може да заклучам дека е во ред да се генерализира? Не, не треба да така. Споделувањето на torrent-и е легално и погрешно е да се нагласува инаку. Споделувањето на copywrited содржина е нелегално, без разлика по кој пат се споделува.

      2. Не генерализирам. Напротив. Се држам до тесниот контекст на текстот. Се зборува за пирати, не за корисници кои легално споделуваат содржина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии