Штрајковите откриваат нови проблеми во Amazon

Заменик претседателот на Amazon, Тим Бреј си поднесе отказ на своето место во најголемата продавница во светот. Причината за отказот е несогласувањето со отказите кои има беа поделени на вработените во Amazon кои ги критикуваа условите за работа во време на пандемија.

Отпуштањето на свиркачите не е само несакан ефект на макроекономските сили, ниту е суштински за функционалноста на слободниот пазар. Тоа е доказ за токсичност што постои во компаниската култура. Ниту сакам да го служам, ниту да го пијам тој отров.

Минатата недела вработени во Amazon организираа штрајк. Имаше неколку причини сите поврзани со несоодветниот одговор на Amazon со Ковид-19. Недоволен број на маски за вработените, невоведување на задолжителна проверка на телесната температура и платено боледување се главните причини за овој штрајк.

Г. Бреј во својот блог пишува за настаните кои довеле до неговата одлука. Последниот настан кој беше клучен за неговата одлука е отпуштањето на неколку вработени кои по интерно промовираа петиција и видео разговор, а причината за отпуштањето е посочувањето на проблеми во работата на компанијата.

Ако останев заменик директор во Amazon ќе значеше дека се согласувам со постапката која ја презирав. Па поднесов оставка, вели г. Бреј.

Г. Бреј беше и шеф на AWS одделот на компанијата и еден од авторите на XML стандардот, пишува Ars Techica. Неговото заминување ќе биде проблем, но пред Аmazon се и поголеми потешкотии.

Законодавците во САД го повикаа Џеф Безос како сведок под сомневање дека компанијата лажно сведочела во своето обраќање пред Конгресот на САД.

Станува збор за сведоштва кои велат дека компанијата никогаш не претпочитала да ги продава своите производи пред производите на компаниите кои конкурентите ги продаваат. Amazon и денес негира дека им дава приоритет на сопствените производи.

Сепак над 20 сведоци од компании кои се под Amazon во своите сведочења велат дека ова било, и е стандардна практика на работа во Amazon, пренесе Wall Street Journal. Дополнително Конгресот ќе испитува и дали има вистина во тврдењата дека Amazon собира податоци за производите и продажбата на конкурентите кои продаваат на нивната платформа.

Присуството и сведоштвото на основачот на Amazon, Џеф Безос е за сега доброволно, но Конгресот го задржува правото да донесе построга мерка и да го повика г. Безос задолжително да сведочи пред Конгресот.

Amazon често се однесува како да е над законот. Денес законодавниот комитет во Домот цврсто покажа дека никој не е над законот, вели Стејси Мичел, ко-директор на Институтот за локална самоуправа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии