Штотуку излезениот пакет Painter Essentials 8 чини 40 евра

Painter Essentials 8 е пристапен пакет од алатки кој им дозволува на почетниците полесно да навлезат во водите на дигиталната уметност и дизајнерство.

Painter Essentials 8 се одликува со уникатна околина за сликање каде можете да групирате повеќе слични четки заедно. За остварување на оваа цел, имате на располагање над 23 нови четки кои си го имаат најдено нивното место во најразлични категории како моливи, пенкала, алатки за мастило, честички и слично.

За поедноставно справување и избирање бои, имате десет дополнителни стилови кои ги надополнуваат AI автоматските можности за боење. Корисниците се имаат пофалено дека многу брзо и лесно може да се обои одредено дело за да изгледа како традиционална слика.

Painter Essentials 8 крие многу повеќе опции од горе-споменатите, а за да ги проверите нема потреба ниту од огромни месечни претплати ниту од запрепастувачка еднократна цена. Painter Essentials 8 чини 40 евра, а имате на располагање и пробна верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии