Што знае Google за нас?

{mosimage}Сé. Google едноставно знае сé за нас. Секогаш кога ќе го искористите еден од неговите сервиси, Google ќе забележи кога, како и што сте правеле на неговите сервиси. Бидејќи се работи за интернет пребарувач Google знае сé што сте побарале на интернет. Ако го користите Gmail тогаш знае со кого комуницирате. Страшно нели?

„Со секој свој сервис Google собира податоци за нас. Кои термини сме ги барале на Google.com, кои сајтови сме ги посетиле на Chrome, кои е-мeилови и од кого сме ги добиле, ако користите Picasa каде постои технологија за распознавање на лице, Google знае како изгледаат сите наши пријатели. Знае и кои видеа сме ги гледале на YouTube, кои книги ги читаме на Google Books, со таргетираните реклами ќе знае и што сакате да купувате…“ пишува ComputerWorld за контролата која Google ја има над нашите податоци.

„Се разбира, технички, Google не знае ништо за нас“ пишува Роберт Мичел, авторот на текстот потсетувајќи дека сите тие податоци се всушност запишани во логовите на пребарувачот. Тие податоци се користат од алгоритмите на серверите за подобрување на пребарувачот. Тоа го прават сите онлајн компании. Секој податок за корисникот, во овој случај правиот термин е посетителот, е потребен за да може да се подобри услугата, подобри пребарувањето…

{mosimage}

Интересно е што Google самите решија да го скратат времето на чување на тие податоци од 18 месеци на 9. Microsoft и Yahoo! ги чуваат тие податоци 18 месеци, односно 3. По тоа време податоците стануваат анонимни.

Google вели дека собира 2 вида податоци: содржина креирана од корисникот и серверки дневник. Тие сервески дневници не се водат како лични податоци, меѓутоа во нив се запишани вашата ИП адреса, времето, датумот и други детали за тоа како сте ги користеле сервисите на Google.

Според нив, отварањето на тие дневници ќе предизвика одгромни проблеми во приватноста бидејќи „Ако го направиме тоа транспарентно, вие ќе можете да ги видите сите пребарувања на жена ви“ рече Мајк Јанг, советник за продукти од правниот оддел на Google, за ComputerWorld.

Приватноста е важна тема, меѓутоа довербата на корисниците е уште поважна. Правото прашање е – не што Google знае, туку колку вие му верувате на Google? (со Google мислам на сите компании кои ги собираат податоците)



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии