Што значи Product Hunt за сите нас денес?

Image Courtesy of Letz.do

(Oва е гостински пост на тимот на Letz, првиот македонски стартап кој доби 100.000 евра инвестиција од SC Ventures)


Product Hunt е платформа која за прв пат беше пласирана и претставена на целиот свет во ноември, 2013 година. Оттогаш, па сѐ до денес, лансирањето на Product Hunt претставува сериозен и неизбежен чекор. Се запрашувате зошто?

Платформата Product Hunt кулминираше во голема популарност и стана број еден платформа на која што секојдневно се лансираат огромен број на иновации. Трендот кој го постигна Product Hunt, ја промени навиката на многу луѓе од бизнис заедниците да ги следат најновите продукти баш таму.

Лично јас го посетувам Product Hunt од 3 до 5 пати дневно.“ — Петар.

Веруваме дека и целата МК стартап сцена го прави тоа, бидејќи нели, неизбежно е да бидеме во тек со сé во tech-светот.

Уникатноста и посебниот пристап кој го користи Product Hunt доведува до еден вид на привилегија и предизвик да се учествува во тој натпревар. Најнапред, поставен е алгоритам кој засега не е целосно непознат, а работи на принципи кои не дозволуваат вбројување на гласови кои се добиени од тн. спам акаунти. Односно, доколку гласовите се добиени од акаунти кои се отворени на денот на лансирање на одреден продукт и тој акаунт гласал за тој продукт, тогаш вредноста на тој глас вреди помалку од некој активен корисник на Product Hunt, кој пак дошол самиот до лансираниот продукт и гласал. Исто така, доколку се испраќа директно линк од продуктот за да можат другите само да гласаат на познатото триаголниче, повторно се добиваат помалку вредни гласови.

За Letz, денот на лансирање на Product Hunt беше огромен предизвик. Сѐ започна изминатиов септември, 2 месеци пред официјалното лансирање, кога почнаа првите истражувања за Product Hunt и како функционираат работите таму. Нема водич кој не беше прочитан, за да се избегнат несакани и непредвидени ситуации.

Најнапред, започнавме со создавање на листа од инфлуенсерите на Product Hunt кои се познати во таа заедница и имаат право да пласираат нов продукт. Ги исконтактиравме сите, но само еден од нив ни го даде посакуваниот фидбек, неговото име е Џек Смит. Ја продолживме комуникацијата со Џек и го договоривме официјалниот ден за лансирање на Letz.

Тој ден, се случија многу предизвици кои не ги пишуваше во ниту еден водич за Product Hunt, а тоа беше конкуренцијата која нѐ затекна тој ден на оваа платформа. Letz се натпреваруваше со Google, Slack, дури и самите Product Hunt го пласираа својот производ тој ден. Гласањето беше неизвесно, организиравме дури и мала after-work забава, каде што се запознавме со многу потенцијални корисници на Letz и им раскажавме што значи Product Hun за нас тој ден.

Многу сме среќни за поддршката која ја добивме, не само до посетителите на забавата туку и од сите македонски медиуми и инфлуенсери на социјалните медиуми.

Image Courtesy of Letz.do

Во канцелариите на Letz бевме цели 13 часа и го следевме гласањето до финалниот момент. По број на гласови завршивме на 8то место, по Slack, Findo, Google и Product Hunt Cards. Успеавме да дојдеме до над 10.000 симнувања на апликацијата на двете платформи и просечен рејтинг од 4.9 од максимум 5.

Завршивме со супер резултати со оглед на тоа што се боревме со гиганти и тоа нѐ мотивира многу!

Најново, овој декември бевме номинирани од Product Hunt платформата за БОТ на Годината, натпреварувајки се со сите други звучни ботови кои се пласираа оваа година. Ова е уште еден возбудлив натпревар за нас и ве повикуваме сите да нѐ поддржите на Product Hunt и секако, се надеваме на победничка награда Golde Kitty.

За Letz и Луси можете да гласате на следниот линк.

Гласањето завршува на 18.декември и тогаш ќе биде објавен победникот во категоријата Бот на годината.

1 коментар на “Што значи Product Hunt за сите нас денес?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии