Што видовме од Microsoft на Build 2019

Microsoft оваа недела ја одржа својата конференција Build 2019. Иако имаше навистина многу интересни презентации се чини дека фокусот на конференцијата оваа година се алатките. Некои од најавите се за софтвер кој ќе биде навистина корисен, некој за софтвер кој ќе биде подостапен, а некои и за не баш така корисни алатки, иако секако ќе пронајдат корисници.

Windows Terminal and WSL 2

Windows Terminal е наменет за корисниците кои често користат „command line“. Најголем дел од функционалностите се на барање на корисниците. Така корисниците сега ќе имаат можност за табови, „rich text“, конфигурација, теми и различни стилови. Сè ова не е на сметка на брзината на софтверот, па ефикасноста останува непроменета.

Засега алатката е во рана алфа фаза, но според најавата, ќе биде достапна веќе од средината на следниот месец.

WSL 2 e нова верзија на архитектурата која овозможува Windows Subsystem for Linux да извршува ELF64 Linux binaries на Windows. Но, ова не е најпријатното Linux изненадување. Без сомневање тоа е најавата на Linux Kernel за Windows.

Linux Kernel за Windows

За првпат Linux Kernel ќе биде достапен во Windows. Првата верзија ќе биде 4.19. Секако Linux Kernel останува опен сорс. Целата конфигурација со WSL 2 ќе биде достапна GitHub.

Дополнително, Microsoft подготвува подобра интеграција за Azure Cloud со оперативни системи кои не се Windows. За Windows фокусот останува со Powershell, а Linux и Mac OS ќе можат да користат node.js.

Azure

Добар дел од фокусот на Build 2019 е и на Azure Cloud. Компанијата сериозно влегува во интернет на нештата. За почеток компанијата ја претстави Azure IoT Edge алатката. Станува збор за алатка која се користи за надзор и распоредување (deployment) на решенијата. Оваа алатка овозможува префрлање на дел од активностите на краевите на мрежата, со што уредите се помалку време приклучени на облакот.

Во овие презентации Microsoft го претстави Quantum Development Kit. Секако станува збор за алатка наменета за развој на код за квантни компјутери. Засега оваа технологија е прилично далеку, но неколку компании веќе обезбедија платформи на кои ентузијастите можат да експериментираат.

Вештачка интелигенција

Секако и Microsoft работи на вештачка интелигенција и ова не смее да биде изненадување. Компанијата најави развој на алатки за вештачка интелигенција и роботика. Засега за овој сегмент и нема премногу податоци. Секако вештачка интелигенција има и повеќе од доволно во останатиот софтвер на компанијата.

Претплатниците на Microsoft 365 во не толку далечна иднина ќе може да забележат дека поправките на грешки во Word се подобрени. Microsoft изработи вештачка интелигенција која анализира документи напишани од луѓе и врз база на тоа нуди препораки за промени во текстот.

React за Windows

React Native for Windows ќе биде како и React рамка која овозможува кодирање во JavaScript за Android и iOS. Со React Native for Windows девелоперите ќе можат да го прават истото, но за Windows 10 уреди, без разлика дали ќе станува збор за Xbox, PC или таблет компјутер.

За ова да биде подобро имплементирано, голем дел од React Native се препишани во C++. Девелоперите можат да го преземат кодот кој сè уште е во развој од GitHub. Microsoft потсети дека рамката засега е во развој.

Visual Studio Online

Веројатно оваа алатка звучи подобро отколку што навистина е. Развојната алатка е базирана на Visual Studio Code, бесплатниот едитор за код на Microsoft. Компанијата е претпазлива и додава дека ова е помошна алатка која не треба, а веројатно и нема да може да го замени главниот едитор.

Сепак Visual Studio Online има поддршка за Workspaces, IntelliCode вештачка интелигенција за помош при кодирање, но и сите екстензии кои се достапни за Code.

IntelliCode е нова алатка од компанијата која ја зголемува продуктивноста преку нудење на попаметни избори, на пример подобар „auto-completion“.

1 коментар на “Што видовме од Microsoft на Build 2019

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии