Двајцата челни лица од Nintendo и Ubisoft пробаа на повеќе чуден отколку кул начин да ја вовлечат публиката во продуктот од нивната заедничка соработка. Mario + Rabbids: Kingdom Battle е игра за Nintendo Switch и, од она што можевме да забележиме, изгледа како интересен хибрид кој комбинира елементи за истражување во отворен свет со тактички битки со запазување редови (XCOM со зајчиња). Набргу потоа, посетителите ја имаа можноста уште еднаш да бидат импресионирани од Assassin’s Creed: Origins, како и феноменалните можности на The Crew 2. Иако страстите за Origins некако се смирија од претходните конференции, The Crew 2 дефинитивно импонираше со колосалните надградби, не само во поглед на графиката туку и гејмплејот. Skull & Bones немилосрдно ја презема публиката и покажа како би изгледал Assassin’s Creed: Black Flag кога фокусот би бил на подобрени морски битки, особено против останатите играчи. Повеќе од очигледна беше надежта на Ubisoft да не сме заборавиле на најновата South Park и стресот од константното одложување пробаа да го ублажат со уште еден трејлер, не само за Fractured But Whole, туку и за уште една игра од истиот универзум, но замислена за вашите паметни направи. Ни уживателите во виртуелната реалност не останаа разочарани, особено оние кои се по вознемирувачките коктели од морбидни и мистериозни наслови. Transference вети да ја згасне таквата жед. За брз фикс за танцување, меѓутоа, набргу ќе можете да побарате утеха во Just Dance 2018, а оние кои сакаат да го разбудат детето во нив, особено љубовта кон играчките, дефинитивно нека ја проверат Starlink: Battle of Atlas, игра во која возилото се менува во зависност од физичките декорации на вашиот контролер. Steep: Road to the Olympics, ако ништо друго, ги заинтригира фановите со најавата за нова експанзија, а набргу потоа Far Cry 5 ги запали сцените првин со музикалниот трејлер, а потоа со гејмплеј приказот. За крај и за огромна радост на сите, Beyond Good and Evil 2 се поднови со уште еден филмски трејлер кој, за добро или лошо, не би можел повеќе да се разликува од хитот од 2003 година. Претпоставуваме дека таквата креативна визија е имплементирана затоа што самите фанови сега се значително постари и повеќе би ценеле универзум кој обработува повозрасни теми. Како и да е, искрено се надеваме дека нема да чекаме уште многу години само за уште еден трејлер.

Сево ова допринесе до разновиден спектар од наслови за кои, се надеваме, финалните верзии ќе понудат долготрајна и незаборавна забава која е карактеристична за овој издавач.

Mario + Rabbids: Kingdom Battle излегува на 29.август

The Crew 2 излегува во почетокот на 2018 година

Филмската најава за Skull and Bones

Како изгледа мрежното играње во Skull and Bones

Како да знаете дали е Skull and Bones игра само за вас

South Park: Fractured But Whole

Phone Destroyer излегува за App Store и Google Play

Starlink: Battle of Atlas е играње со играчки на следното еволутивно ниво

Краткиот трејлер за Far Cry 5

Одличен увид за тоа што би можеле да очекувате во Far Cry 5

Водич за правилен изговор на F зборот. Beyond Good and Evil 2, патем, е сместена пред раѓањето на Џејд.

Што мисли креативниот директор за Beyond Good and Evil 2 трејлерот?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии