Со оглед на тоа дека Uncharted е од еден од најпопуларните PlayStation серијали, претпоставуваме дека од Sony не се мислеле премногу со што да ја започнат конференцијата. Токму поради тоа, посетителите ја имаа ексклузивната можност да се запознаат со Uncharted: The Lost Legacy. Спинофот ќе биде во форма на самостојна игра, а ги следи Клои Фрејзер и Надин Рос низ предизвикувачки планини и изгубени градови веќе од 22.август. Набргу потоа, дознавме дека The Frozen Wilds експанзијата ќе ја продолжи приказната од Horizon Zero Dawn и ќе проба да ги одговори бројните прашања кои се наметнаа со неочекуваниот крај. Days Gone се претстави како пост-апокалиптична игра со бруталното насилство, користење опрема за провлекување зад непријателските линии и манипулирање со орда од зомби чудовишта за да се истенчи линијата од непријатели. Сосема е во ред да помисливте дека се работи за The Last of Us. Ова е впечаток кој се наметна во главите на многумина посетители. Таман кога помисливме дали е можно да нема ниеден наслов за PC, Monster Hunter World ги нападна големите екрани и вети да излезе во 2018, првин за конзолите, а потоа и за PC. Набргу по тоа, пријатно се изненадивме и од трејлерот за Shadow of the Colossus кој не е римастер туку целосен римејк од Bluepoint. Sony не нè остави да го процесираме виденото и веднаш побрза да открие нови детали за Marvel vs Capcom играта. Доколку ве заинтригира приказната, можете да преземете демо за PS4 и Xbox One и дополнително да се запознаете со проблемите на вашите омилени јунаци. Call of Duty: World War II ќе се провлече и низ рововите на оваа конзола. За среќа или жал, секое прикажано видео потсетува се повеќе и повеќе на Battlefield 1 игра, но со фашисти. Skyrim VR, како што споменавме во претходниот извештај, ќе биде овозможен и за љубителите на оваа конзола, а во борбата под VR сонцето се приклучија и футуристичкиот Star Child, морбидниот The Inpatient, компетентниот шутер Bravo Team, симпатичната Moss и, можеби најоткачената од сите, Final Fantasy XV, но само за најзагрижените риболовци. Од Sony мора да ја чувствувале нашата нетрпеливост за следната God of War игра, затоа што набргу по ова, разноликоста од VR кандидатите громогласно беше разбиена со уште едно макотрпно патување и неконвенционално градење односи помеѓу татко и син. God of War прети да биде вистински хит кој комотно би можел да стои раме до раме со најголемите наративни успеси, почнувајќи со Uncharted и завршувајќи некаде со The Last of Us. Оние кои копнеат по подеднакво моќно наративно давење, но од научно-фантастична перспектива, би можеле да побараат утеха во најновиот наслов на Quantic Dream – Detroit: Become Human. Ова е студиото зад кое стојат револуционерни наслови како Fahrenheit, Heavy Rain и Beyond: Two Souls. Некаде при крајот, Sony реши да нè израдува со интересен Destiny 2 приказ. Крајот го заврши на екстремно висока нота и ги израдува Spider-Man фановите со игра која дише со динамична борба и флексибилни можности за воздушно движење низ колосален отворен свет.

Сè на сè, ова беше исклучително интересна конференција и празник за очи за сите уживатели во ова хоби, особено кога алатката за таквото нешто е конзолата на Sony. Со исклучок на Fallout VR, Call of Duty: World War II и Monster Hunter World, PC гејмерите не можеа, а да не се чувствуваат како да не им е тука местото, но на оние кои се за дружење од каучот им претстојат интересни месеци.

Uncharted: The Lost Legacy

Horizon Zero Dawn: The Frozen Wilds

Days Gone

Monster Hunter World

Shadow of the Colossus

Marvel vs. Capcom: Infinite

Call of Duty: WWII

Elder Scrolls V: Skyrim VR

Star Child

The Inpatient

Monster of the Deep: Final Fantasy XV

Bravo Team

Moss

God of War

Detroit: Become Human

Destiny 2

Spider-Man

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии