Што видовме на Е3 конференцијата на ЕА?

Конференцијата на ЕА се одржа во сабота и, преку солидна презентација и неколку смешни исклучоци, издавачите открија во кој правец им е насочено вниманието и што би можеле да очекуваме наскоро.


Целата EA Play E3 конференција за новинари!

MADDEN 18 има приказна, а Battlefield 1 добива ноќни мапи и Name of the Tsar експанзија

Најновата Madden игра конечно има приказна, со слична иновативно-исфорсирана механика како кај FIFA или NBA 2К. По краткиот трејлер за MADDEN 18, вниманието се насочи кон Battlefield 1, при што се најавија неколку ноќни мапи, но и првата експанзија, In the Name of the Tsar. Ваквото проширување, објасни продуцентот за време на настанот, ќе се посвети на руската армија, особено на женскиот баталјон и ќе ги израдува играчите и со шест нови мапи, нови возила и оружја, како и гејмплеј мод кој бил целосно базиран на повратните информации од играчите. Таквиот режим ќе биде прикажан дури во август, за време на Gamescom.

FIFA 18 ја продолжува приказната на Алекс Хантер

ЕА не би бил ЕА ако не скока од еден до друг жанр. За време на презентацијата, водителите релативно успешно го жонглираа претставувањето на спортските игри. Па така, по кратката претстава за Battlefield 1, проба да ги освои фановите со нов мод и реални движења и анимации за FIFA 18. Реалните движења се позајмени од професионалните играчи на фудбалот со motion capture технологијата. Приказната со Алекс Хунтер од ќе продолжи и во FIFA 18.

Need for Speed: Payout се враќа на корените и позајмува трик-два од филмовите Need for Speed

Need for Speed се врати на големата врата и прикажа откачени адреналински трки кои како да се произлезени од филмските хитови Fast and the Furious. Она што можеби ја подели публиката е огромниот акцент на интерни меѓу-секвенции и бројни моменти каде времето забавува за да прикаже одредени клучни случки. Едни гледаа на ова како на одлично филмско искуство, а други како на непотребен елемент кој ја нарушува потребата за континуирана брзина.

A Way Out е нај уникатното игриво остварување кое произлегува од EA Originals програмата

Од малиот шведски, инди тим, чиј автор нè изненади со уникатната Brothers: A Tale of Two Sons, се најави нивната нова, храбра и подеднакво уникатна ко-оп авантура, A Way Out, чија приказна се истражува само преку поделен екран и задолжително со уште еден играч, дали од комфорот на вашиот кауч или пак онлајн. Ова не е игра која би можеле да ја играте со пријател туку игра која морате, од почеток до крај.

Bioware ги шокираа сите со нивната акциона авантура Anthem

Најдоброто нешто за време на конференцијата дојде со најавата за целосно нова игра од Bioware, тимот кој стои зад серијалите Mass Effect и Dragon Age. Anthem е постапокалиптична sci-fi игра која се чини сака да го искомбинира најдоброто од The Last of Us, Fallout 4 и Destiny. За разлика од стандардните наслови кои се исфрлуваат од канадското студио, Anthem нема да е RPG игра, туку акциона авантура. Иако повеќе детали се очекуваат за време на конференцијата на Microsoft, знаеме дека играта ќе се одликува со онлајн компонента во одредена форма и дека, карактеристично за Bioware, ќе се донесуваат одлуки кои значително ќе влијаат на приказната.

NBA Live го прави следниот еволутивен чекор во серијалот со The One режимот на играње

По претходната бомбастична и бесрамно кратка најава за Anthem, NBA Live ја презема сцената за да се пофали со нови механики при играњето, како и The One модот кој е замислен не само за уличните натпревари туку и за професионалните. Победите од таквите интеракции ви дозволуваат да отклучувате опрема и слични визуелно исполнителни благодети.

Battlefront 2 се прикажа како игра целосно базирана на повратните информации од играчите

Преостанатиот дел од конференцијата беше посветена на нивниот најголем хит. Battlefront 2 изгледа подобро и подинамично од кога било, а таквото нешто беше повеќе од очигледно со 30 минутниот гејмплеј приказ. За жал, не можевме да видиме ништо од кампањата за еден играч, но во поглед на мрежното играње, конференцијата имаше што да прикаже. Класите оставаа позитивен впечаток со нивната уникатна изведба, како и задоволителната употреба на оружјата. За секој ваш допринос во мечот добивате борбени поени. Соберете доволно и ќе можете да навлезете во мечот како возило или како некој од посилните ликови, како Хан Соло, Дарт Мол, Реј, Боба Фет и така натаму.

Сите додатоци, во форма на херои и мапи, ќе бидат целосно бесплатни за сите, што е одлично за подеднакво одржување на базата од играчи.

Што понатаму?

Иако многу работи се открија за време на конференцијата, многумина не можеа, а да не се разочараат кога никој не ја ни спомена Star Wars играта на Visceral. Според гласините, целта на ЕА им била акцентот целосно да се фокусира само на една Star Wars игра. Во овој случај, таа игра излезе дека е Battlefront 2.

Како и да е, во чест на настанот, ЕА нудат 7 дена бесплатен пробен период за Origin Access како и попусти на игри.

1 коментар на “Што видовме на Е3 конференцијата на ЕА?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии