По краткиот и неодоливо симпатичен вовед со децата од развојните тимови на Bethesda, Пит Хајнс ја нападна сцената со храбри ветувања за исклучително продуктивна година каде ќе се најде за секого по нешто.

Целата Е3 конференција на Bethesda!

Преку Bethesdaland, цртаниот водич во форма на карневал, игрите почнаа да се редат. Bethesda најави две VR игри. Нѝ покажаа не само истражување на пост апокалиптичниот свет, Fallout 4 VR, туку и сакатење пеколни чудовишта во хитот Doom VFR. Откако потврдија дека и двата наслови ќе излезат годинава, вниманието се насочи кон The Elder Scrolls: Online и најновата експанзија Morrowind. По бројните реакции од играчите за првичниот трејлер, видеото зазема малку поразлична форма и премина во дополнителни прикази од гејмплејот како и локациите кои можете да ги истражувате. Тука некаде, Bethesdaland реши да нè извести и за нивниот втор обид за монетанизирање на модовите, овојпат не преку Steam туку преку нивна засебна платформа. Creation Club е колекција од нови содржини, како модови од оружја, опрема, оклопи, облека, предмети, нови квестови или промени во гејмлејот. Ваквата платформа, која ќе се појави побрзо отколку што би очекувале, ќе нуди модови за Skyrim и Fallout 4, а, за да се избегнат главоболките од првобитната пионерска реализација, Bethesha планира нивни тимови да ги тестираат модовите и да ги направат целосно компатибилни пред масовната дистрибуција. Набргу по ова, Elder Scrolls Legends нѝ го покажа изобилството од нови содржини кои набргу доаѓаат за играта, односно проширување на универзумот со нови карти, херои и моќи, а и нѝ покажаа како ќе се игра Skyrim преку Nintendo Switch. Септември ќе ни раскаже приказна за одмазда и ултимативниот атентат со Dishonored: Death of the Outsider, а новиот трејлер за Quake Champions нè утепа во поим со идиотскиот почеток и крај. Таквото чувство не се задржа предолго затоа што веднаш по тоа целосно нè презема емоционалниот трејлер за The Evil Within 2.  Трејлерот е вистинско ремек дело и не можеме да дочекаме да ја провериме играта на 13 октомври. Како викаат, најдоброто за крај, па така, Wolfenstein II: The New Colossus проба (и успеа) да нè заинтригира, воодушеви, замисли и насмее со деталниот гејмплеј приказ кој на одличен начин го рефлектира откачениот став на MachineGames.

Без понатамошно одолговлекување, ова се трејлерите со кои Bethesda реши да се претстави на Е3!

Fallout 4 VR излегува за HTC Vive во октомври

DOOM VFR доаѓа за PlayStation VR и VIVE платформите оваа година

The Elder Scrolls: Online – Morrowind се одликува со четириесет часовна кампања, нова класа, оружја и територија. Експанзијата е веќе излезена!

Creation Club за Fallout 4 и Skyrim Special Edition, како и првенецот од пред неколку години, е толку популарен потег да видеото собра само 2000 лајкови, а 40 000 дислајкови. Creation Club се појавува летово!

Новото надополнување Heroes of Skyrim излегува на 29.јуни и се одликува со над 150 карти со нови механики, ликови и змејови

Skyrim Switch, благодарение на motion control потенцијалите од платформата, ќе има малку поразличен гејмплеј при борба и отклучување брави

Самостојна авантура од Dishonored серијалот

BJ Blazkowicz влегува во игра со нови мапи

The Evil Within 2 излегува на петок 13, октомври

Wolfenstein II: The New Colossus излегува на 27.октомври

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии