Што ве очекува доколку работите во Силиконската долина (инфографик)

Неодамна споделивме инфографик за тоа што се’ се бара за да можете да се вработите во една од водечките технолошки компании во светот, Google, Facebook и Apple. Има причина зошто секој би сакал да работи во една ваква компанија, покрај тоа што на секој му претставува огромна чест да биде дел од креативен тим кој постојано го придвижува информатичкиот свет напред, работните услови кои овие компании ги нудат ретко можат да се најдат во други индустрии и компании.

Компанијата ResumeBear креираше интересен инфографик во кој ги има претставено најголемите друштвените мрежи и какви работни услови им нудат на своите вработени. Google се познати по тоа дека на своите вработени им нудат одлични услови за релаксација, и иако нуди најмногу погодности, не е единствената ваква компанија. Па така вработените во силиконската долина можат да одат на јога, да имаат редовна масажа, да играат пинг понг, видео игри, фудбал, кошарка, и сето тоа во нивната работна средина.

Погледнете го инфографикот за подетално да погледнете која компанија што им нуди на своите вработени. Верувам дека после ова сигурно ќе сакате работите во силиконската долина.

1 коментар на “Што ве очекува доколку работите во Силиконската долина (инфографик)

  1. Се е одлично… уште да имаа време да прочитаа нашите компании и да сватеа дека продуктивноста е блиску поврзана со забавата и колку комфортно се осека вработениот… па и да реализираа некоја нивна идеа ке беше уште подобро :) сега за сега ке целиме кон овие компании :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии