Што се зборуваше на првиот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан

Image courtesy of Digital Summit Western Balkans 6 / YouTube

Оваа недела Скопје е центар на регионот кога дигиталните теми се во прашање. Премиери, министри и експерти во своите области говорат на неколку интересни, отворени и актуелни теми. Сите имаат иста цел, да постават дигитална идеја за размена на идеи и предлози.  Најверојатно нaјинтересна и најзначајна тема ќе биде интеграција на Западниот Балкан во единствениот европски дигитален пазар

Настанот секако има за цел да помогне во поврзување на земјите од регионот, но и на нивно поврзување со Европската Унија. Конечно дел од говорите беа посветени на дигиталните вештини и подигање на капацитетите.

Сепак најверојатно најинтересен панел е „Digitan Talks“. Можеби причина за ова е што ова е понеформален дел од настанот, па говорниците беа послободни. Секако и темите беа поинтересни.

Конечно настот не можеше да помине без дискусија за она што ја направи Македонија глобално позната. Панелот за лажните вести иако од време на време беше надвор од тема, за среќа имаше и панелисти кои можеа да ја вратат темата назад кон фокусот кој требаше да има.

Сите видеа од настанот може да ги изгледате на YouTube каналот на Digital Summit Western Balkans 6.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии