Спонзориран текст

Што сé треба да знае еден комплетен јуниор ИТ професионалец

Спонзорирано од Интерворкс Едукативен Центар

во Вести

Interworks

При развој на едно современо софтверско решение, се користат различни програмски јазици, технологии и алатки. Притоа работата е поделена на неколку членови од еден тим. Процесот на изработка на една апликација предвидува фази на дефинирање, дизајнирање, изработка, тестирање, интегрирање, одржување. Затоа се издвојуваат повеќе технички профили, како што се програмер, дизајнер, тестер, интегратор, администратор и сл. Целиот овој циклус за развој на софтвер треба да биде добро организиран, а тоа по правило го прават менаџери на проекти.

  • Основен програмски јазик

За почеток на успешна кариера, секој ИТ професионалец, треба солидно да знае еден современ програмски јазик, односно објектно ориентирано и функционално програмирање. Со цел да се постигне т. н. програмерско размислување (mindset), потребно е да се развие способност за лесна контрола на текот на извршувањето на апликациите, односно лесно да се дефинираат сопствени алгоритми, но воедно е потребно да се совладаат и одреден број веќе познати алгоритми и шаблони, кои често се користат, а се креирани за специјализирани намени.

  • Структури и алгоритми на податоци

Секоја апликација работи врз податоци, кои се поврзани на одреден начин. За организирање на податоците, постојат преддефинирани структури на податоци, како и алгоритми за работа со нив. За да може структурите на податоци и алгоритмите да се користат на најпродуктивен начин во различни ситуации, потребно е да се знае како се организирани. Притоа најважно е да се знаат алгоритмите за подредување или сортирање, траверзирање или итерирање и сл.

  • Формати на податоци

Современите апликации се креираат од повеќе делови, кои комуницираат меѓу себе. Основна поделба е на т. н. предна страна (front-end) и т. н. задна страна (back-end).

Слично, при интегрирање повеќе различни системи, за да функционираат како единствена апликација, потребно е да се користат стандардни начини за прикажување на податоците. Затоа еден од клучните делови при ваква комуникација се форматите на датотеките кои што се наменети за организирање податоци.

  • Бази на податоци

Сериозна апликација не може да се замисли без трајно да ги меморира, односно да ги зачува своите податоци. За оваа цел, скоро по правило се користат релационите бази на податоци. Затоа секој ИТ професионалец, без разлика дали развива апликации, тестира, интегрира или одржува готови апликации и сл., треба да знае да работи со системите за менаџирање со релациони бази на податоци.

  • Мрежни протоколи

Живееме во ерата на Интернетот. Компјутерите, како и многу други видови уреди, се меѓусебно поврзани преку разни видови мрежни протоколи. Овие протоколи се организирани во слоеви, па често проблеми можат да се јават само во одреден дел од комуникацијата. Познавањето на овие протоколи е важно за секој ИТ професионалец, пред сé од безбедносни причини, но и за лесно рашавање проблеми во комуникацијата.

  • Веб сервиси

Модерните софтверски системи се составени од повеќе различни веб сервиси, кои комуницираат и работаат како една целина. Затоа начините на дефинирање, организирање и користење веб сервиси, заедно со сите потребни алатки за нивно тестирање, треба да им бидат познати на сите кои на било кој начин се инволвирани во процесот за развој на софтверски решенија. 

  • Оперативни системи

Основното познавање на оперативните системи само од кориснички аспект, не е доволно при развивање апликации. Потребно е да се познава работата со системски променливи, разни видови нагодувања, управување со безбедноста на оперативните системи и нивните сервиси и сл. За целосна контрола на процесите, неопходно е мониторирање на системите, а често се укажува потребата и од т. н. скриптирање, што претставува еден вид програмирање.

  • Виртуелизација и контејнери

Исто така, не е доволно да се познава само еден оперативен систем, затоа што апликациите може да бидат креирани на компјутер базиран на еден вид оперативен систем, но да бидат тестирани или поставени за конечна работа на друг тип оперативен систем. Затоа секој ИТ професионалец, од било кој профил, треба солидно и подеднакво да работи на MS Windows, како и на GNU/Linux.

Различни членови од ист тим може да имаат различни нагодувања или инсталации на својот компјутер, а тоа може да доведе до проблеми при работата. За обезбедување исти работни околини за сите членови од еден тим, се користат алатки за виртуелизација и контејнеризација. Со помош на алатките од овој вид се избегнуваат проблеми кои на шала се нарекуваат: „кај мене работи, а кај тебе не работи“.

  • Животен циклус на развојот на софтвер

Развојот на софтвер, неговото, тестирање, интегрирање, одржување и сл., е тимска работа. При планирање на работата, при обезбедување зависности помеѓу разни делови од апликациите, како и при верзионирање на сработеното, се користат специјализирани алатки. Динамичниот или т. н. агилен пристап кон развојот на софтвер, има потреба од соодветни методологии и алатки за организација на работата на сите членови од еден тим. Затоа постојат конкретни, генерално прифатени алатки, без кои вкупната работа во ИТ индустријата не може да биде продуктивна. Овие методологии и алатки мора да им бидат познати на ИТ професионалците од сите профили.

  • Тестирање

Пред да биде користена, секоја апликација треба да биде темелно проверена, а за да се обезбеди бараниот квалитет на крајниот продукт, се користат разни принципи и алатки за тестирање. Некои од нив ги користат програмерите, а некои тестерите. Затоа професионалците од различни профили, треба да бидат повеќе или помалку запознаени со соодветните начини на тестирање.

*   *   *

Со цел на едно место да обезбеди можност за стекнување на сите потребни знаења и вештини кои јуниор ИТ професионалец треба да ги поседува, за да може да започне со успешна работа и кариери, Интерворкс Едукативен Центар креира „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“. Преку оваа обемна, но комплетна обука поголем број наши колеги, веќе си обезбедија вработување.  

Во четврток, во 17:30h преку предавање за Graph Theory и Graph Databases – Neo4j со Деан Јошевски во просториите на Интерворкс Едукативен Центар, можете да научите за теоријата на графови и бази на податоци креирани врз ваков тип алгоритми.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Интерворкс Едукативен Центар. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии