Што се тоа веб колачиња (cookies)?

IT.mk редакција

во Совети

{mosimage}Веб колачиња или cookies се текстуални фајлови кои веб серверите ги снимаат на хард дискот на корисниците. Целта на овој малечок фајл е веб серверите автоматски да го идентификуваат прелистувачот при повторна посета и да ја следат навигацијата низ сајтот. Колачињата автоматски контактираат со веб серверот при секоја нова посета.

Веб колачиња главно се користат за автентикација, следење на корисничка сесија, собирање на општи информации или следење на начинот на навигација на посетителите, персонализација, како и за зачувување на одбраните содржини во електронската количка за пазарење и сл. Тие најчесто се употребувани и за следење на корисничкото однесување на сајтот, а со тоа им овозможуваат на веб дизајнерите и да ги подобрат сајтовите и статистички да пристапат кон податоците за посетеност.

Името веб колачиња, или на англиски cookies потекнува од зборот "магични колачиња" (magic cookies) што во времето на UNIX системите претставувале пакети со податоци кои даден програм ги добивал и ги возвраќал неизменети до испраќачот. Решението за поставување на веб колачиња во интернет прелистувачите првично било претставено од Лоу Монтули кој во 1994, работејќи за Netscape, создал веб апликација за е-комерц која содржела онлајн шопинг количка која благодарение на овие фајлови функционирала како што треба.

Заради можноста да го следат корисничкото онлајн однесување употребата на колачиња е критикувана како метода која ја нарушува приватноста. И се позачестената употреба на веб колачиња во онлајн рекламирањето дополнително го поттикна мислењето кај недоволно искусните корисници дека колачињата се фајлови кои можат да наштетат на компјутерот. Реалната слика е дека колачињата се фајлови кои неможат да извршат било каква операција самостојно.

{mosimage}Но, покрај општата безопасност на овие фајлови, хакерите наоѓаат начини како со помош на веб колачињата да се здобијат со доверливи информации, најчесто со логин информации кои колачињата ги содржат. Начинот на кој го прават тоа е со преземање на колачињата преку пресретнување на веб пакети и интернет сообраќај. Заштитата од овој метод е користењето на енкриптирани сигурносни протоколи кои преносот на податоци го вршат преку енкриптирана патека.

Денеска, скоро сите веб прелистувачи им дозволуваат на корисниците самоиницијативно да одберат дали програмот ќе дозволи употреба и снимање на колачиња или не, но лошата страна на изборот да не се снимаат е тоа што многу модерни веб сајтови нема да функционираат без колачиња а со тоа стануваат некорисни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии