Последна недела е од 2011-та година и време за осврт на настаните во гејминг светот кои се повеќе збир од безбедносни пропусти, расправи и погрешни видувања за начинот на како се менува традиционалниот гејминг, одошто претставување на нови модерни игри. Но, имаше игри, и тоа одлични! Бевме дарежливи, па прогласивме неколку игри за игри на годината.

Игра на годината: Elder Scrolls V Skyrim

[youtube]iLLJwInYhd0[/youtube]

Можеби настаните кои најмногу привлекоа внимание беа тие кои се однесуваа на безбедноста на онлајн игрите. Всушност, безбедноста при играњето беше скоро непостоечка. Се започна со нападите на PlayStation мрежата, Sony скоро цела година гасеа „пожари“ во нападнатите делови на мрежата. Се изнагледавме соопштенија за сигурноста при играњето, па повторни напади и исклучување на корисниците заради нивната безбедност. Резултат на овој напад беа 100 милиони компромитирани профили и речиси еден месец реизградба на PlayStation мрежата. Таман малку се подзаборави на нападите на врз Sony, се појави нова безбедноста закана. Овојпат тоа беше веселата група хакери со име LulzSec. Оваа група ги покани своите следбеници на Twitter преку телефонски број да ги објават желбите на страните и серверите кои треба да бидат нападнати. Изборот на следбениците покрај некои владини страни кои Lulzsec ги нападна со своите DDoS напади за напад ги избраа и серверите на неколку популарни игри, како Minecraft, Legue of Legends и EVE Online. Покрај нападите, хакерите преку неколку торенти ги поделија личните податоци на корисниците со остатокот на светот што доведе до неовластени логирања во поголем број на MMO игри, помеѓу кои DC universe и World of Warcraft. За среќа нападите не траеа предолго и по неколу месеци дел од членовите на групата беа уапсени, а остатокот од групата се распадна.

Игра на годината: Battlefield 3

[youtube]Q7GVSx7yMaA[/youtube]

Годинава која изминува ќе остане запаментена и по расправиите помеѓу Activision-Blizzard и EA Games, кои започнаа наивно на почетокот но конкуренцијата и желбата за саморекламирање си го направи своето. Па почнаа да се појавуваат изјави од типот дека серијалот Call of Duty ќе ја дочека својата пропаст, дека продажбата ќе се намали поради излегувањето на RAGE и Battlefield 3. Потоа директорот на Activision Роберт Котик, коментираше дека Star Wars: The Old Republic не може да биде профитабилна со оглед на тоа дека е направена во соработка со LucasАrts кој вообичаено го наплаќаат својата интелектуална сопствениост. Во меѓувреме ниту Call of Duty пропадна, напротив направи најголема заработувачка во забавната индустрија во првите пет дена, ниту пак Star Wars The Old Republic пропаѓа, таа е најбрзорастечка ММО со претплата досега. Сепак е чини дека во догледно време нема да има крај на непријателствата со оглед на тоа дека Activision ги тужи ЕА за 400 милиони долари.

Игра на годината: Batman: Arkham City

[youtube]-V1ZF5cNYCs[/youtube]

И покрај тоа што е се предвидува дека паметните телефони наскоро целосно ќе ги истиснат конзолите, на овогодинешниов Е3 беа претставени две нови:PlayStation Vita и Wii U. Vita во декември го имаше своето јапонско деби продавајќи 321 илјади парчиња за два дена.

Сепак не е се така лошо

Сепак не се сите вести лоши во 2011, за прв пат американската влада ги призна видео игрите за форма на уметност. Со ова на дизајнерите на видео игри им се отворија американските фондови за култура и уметност. Се разбира дека ова не значи дека секоја видео игра ќе го заслужи рангот на уметничко дело или пак ќе добие пари од фондовите, ама сепак е добро што конечно луѓето кои долги години дизајнираат видео игри и се борат за признавање како уметничко дело добиваат признание за својата работа.

Игра на годината: Portal 2

[youtube]tax4e4hBBZc[/youtube]

Покрај сите овие вести настанот кој ќе ја обележи 2011 година, а се однесува на видео игрите, секако е фактот што најголемиот дел од игрите се префрлија на бесплатен, или „freemium“ модел. Тоа што почна со Lord of the Rings Online, како епидемија ги зафати сите ММО-а. Следеа: Age of Conan, City of Heroes, Star Trek Online, DC Universe, некаде во средина на целото ова префрлање Valve се реши да го смени моделот на плаќање на Team Fortress и да ја издаде Team Fortress 2 како бесплатна игра. Последната вест доаѓа од NC Soft кои најавија дека од февруари Aion Online ќе го смени моделот на претплата. Со ова единствени игри кои се се месечна претплата моментално остануваат World of Warcraft, која тешко дека ќе го смени моделот на плаќање во догледно време, а најверојатно ова нема да се случи пред излегувањето на новата експанзија Mists of Pandarien, меѓутоа веројатно е дека ќе го сменат моделот на плаќање со излегување на новата Blizzard MMO Project Titan. Без разлика на црните прогнози и Star Wars најверојатно нема да го промени начинот на плаќање оваа година. Ова најверојатно значи дека најизгледен кандидат за следна бесплатна ММО ќе биде RIFT Online.

Игра на годината: Gears of War 3

[youtube]BrjvrHaOOpw[/youtube]

Се гледаме во 2012!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии