Што се случува со производите кои ги враќаме на онлајн продавниците?

Дали знаете што се случува со онлајн производите кои го враќаме? Две милијарди килограми вратена облека завршува на депониите секоја година. Апарна Мехта на TED говори за овој проблем.

Пред само 6 години истражување покажа дека можноста за бесплатно враќање на производите ќе придонесе за поголема потрошувачка на купувачите. Истовремено ова придонесе и за враќање на уште повеќе производи. Само во САД поради вратени производи, продавниците во 2017 година загубиле 351 милијарди долари.

Лоша вест е дека потоа овие вратени производи ако не успеат да бидат продадени брзо завршуваат на ѓубриште.

За ова да не стане посериозен проблем со загадувањето Апарна Мехта работи на систем кој ќе овозможи наместо назад кај продавачот, производот да биде препратен кај следниот купувач. Секако за ова е потребно покомплексно решение со кое ќе се утврди можно оштетување и дали производот е нов или користен, но за тоа ќе мора го погледнете видеото.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии