Што сè претстави Google на својот настан

Pixel телефони, лаптоп, слушалки, камера, нов Google Home се дел од уредите кои компанијата ги претстави на својот настан во Сан Франциско.

Pixel 2 и Pixel 2 XL

Двата паметни телефони на Google беа планирани како ѕвезди на вечерта. Google повторно излезе со практичен дизајн. Без екран од крај до крај или заоблен екран, или пак изработка на задниот дел од телефон од стакло. Така iPhone и Samsung го задржуваат правото за фалење со „најсветкав“ телефон.

Кога хардверот е во прашање најверојатно само по компoнетите веќе не може да се разликуваат телефоните од висока класа еден од друг. Pixel 2 уредите доаѓаат со: Qualcomm Snapdragon 835 процесор;  4GB RAM; 64GB или 128GB диск; задна камера од 12.2MP, 1.4μm pixels, оптичка и електронска стабилизација на слика f/1.8; Предна камера 8MP, f/2.4 aperture lens, фиксен фокус. Задната камера може да снима видео со 1080р квалитет и 20, 60 или 120 fps. Двата уреди доаѓаат со “Active Edge” технологија која овозможува вклучување на асистентот со притискање на телефонот. Pixel 2 нема приклучок за слушалки, но доаѓа со USB-C приклучок.

Сепак, иако не е најблескав, Pixel повторно е најдобриот Android телефон. Причината е едноставна, никој побрзо не ги надградува оперативните систени и безбедносните пропусти. Дополнително, единствено Google точно знае во која насока ќе оди оперативниот систем.

Google Pixelbook

Новиот лаптоп од Google треба да биде одговор на желбата на Google да креира Chromebook со импресивен хардвер. Овој пат компанијата успеа самата да го направи тоа, иако цената не е воопшто ниска.

Pixelbook доаѓа со: Intel Core i5 или подобар процесор од седмата генерација; 8GB RAM; 128 GB диск. Овој хардвер се надградува до: Intel Core i7 процесор; 512 GB NVMe и 16 GB RAM.

Станува збор за хибриден уред кој може да работи како таблет и како лаптоп. Екранот е на 12.3-инчи со резолуција 2.400х1.600 и тач. За дополнителни 100 долари корисникот може да купи и електронско пенкало кое овозможува уште поголема функционалност.

Chromebook уредите досега не беа познати по импресивниот хардвер, туку повеќе по пристапната цена. Најголем дел од уредите, 80%, се поевтини од 1000 долари. Можеби вистинското прашање е дали Chrome апликациите се доволни да завршите работа со Pixelbook.

Google Clips

Google Clips е нова камера од Google која овозможува автоматско фотографирање. Корисникот единствено ја вклучува камерата, а потоа уредот благодарение на вештачката интелигенција самостојно одлучува кога ќе фотографира.

Како и останатите уреди презентирани од Google, и камерата се впарува со телефонот. Камерата може да препознава ликови и се прилагодува на навиките на корисникот. Можеби најдобрата вест е дека сликите и видеата во целост се приватни. Сите слики се чуваат единствено на камерата. Сликите се криптирани и до нив може да се пристапи единствено од впарениот телефон.

Камерата слика со сензор од 12 MP и агол на сликање 130-степени. Има 16 GB простор за фотографии/клипови што е сосем доволно за фотографии од 2 дена.

Камерата не е најевтин уред и чини 250 долари.

Google Home Mini и Max

Надградбата на Google Home, оваа година стигна преку 2 уреди, Google Home Mini и Google Home Max.

Google Home Mini доаѓа за 50 долари и има за цел да ја зголеми палетата на Home уреди. Повеќе уреди и повеќе различни цени треба на Google да му помогнат да биде поконкурентен на Amazon, кој бавно, но сепак го освојува пазарот.

Уредот е поевтин и наменет да биде директна конкуренција на Amazon Dot. Сепак, уредот е доволно квалитетен за слушање поткасти и управување со паметниот дом.

Google Home Max е на другата страна од спектарот. Станува збор за голем и значително скап уред. Max е наменет за аудиофилите. Како и останатите уреди кои ги претстави Google, и овој е поврзан со вештачката интелигенција. Уредот самостојно ги менува звучните бранови кога ќе регистрира чудно ехо или шум. Цената на Max e 400 долари.

Заедничко за сите уреди кои ги претстави Google е вештачката интелигенција. Истата е интегрирана во секој уред од телефонот, до лаптопот и слушалките.

По презентацијата на хардверот и купувањетпо на дивизијата од HTC, јасно е дека Google сериозно влегува во производството на хардвер.

2 коментари на “Што сè претстави Google на својот настан

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии