Што се пребаруваше највеќе на Google во 2017 година?

2017 година ќе останете запаметена по многу работи и умовите на луѓето беа окупирани со исклучително важни прашања, како кои се состојките за да се направи slime. Верувале или не, оваа проблематика се пребарувала на Google повеќе отколку прашањето за тоа како да се купи Bitcoin.

Шега на страна, како што ќе забележите од долното видео, тоа не бил единствениот фокус на светот во 2017 година.

Во поглед на најбарани работи, се чини дека iPhone 8 и X им предизвикувале многу непроспиени ноќи на жителите на планетата земја. Кога сме кај жителите, како најбарани луѓе се истакнале Мет Лаер и Меган Mаркл, со Кевин Спејси на петтото место, но во поглед на најбарани актери, Меган се наоѓа на првото место, а Кевин на второто.

Во одделот потрошувачка техника, покрај опсесијата за iPhone, највеќе се истражувале Nintendo Switch, Samsung Galaxy S8 и Xbox One X. Stranger Things, пак, било најтренди телевизиско шоу за 2017 година, заедно со 13 Reasons Why, Big Brother Brasil, Game of Thrones и Iron Fist, а од филмовите фокусот бил на IT, Wonder Woman, Beauty and the Beast, Logan и Justice League. На полето на музика и стихови, Despacito била хит на годината за повеќето, а веднаш по неа следат Shape of You, Perfect, Havana и Look What You Made me Do.

Од останати настани, би ги издвоиле Француските избори (Избори), Вимблдон (Спорт), Том Пери (починати), Ариана Гранде (Музичари и бендови) и, па, пилешки стек (рецепти).

За целосен увид во најбараните работи на Google во 2017 година, кликнете тука! https://trends.google.com/trends/yis/2017/GLOBAL/

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии