Што планира Uber со платежна картичка за ресторани?

„Big Data“ е следниот исчекор за компаниите и индустриите, па не е изненадување што сите компании се обидуваат да ги соберат податоците од корисниците.

Uber е една од компаниите кои се обидуваат да дојдат до куп податоци од кориснициите. Компанијата ги превезува патниците од едно на друго место и е во одлична положба да дојде до важни податоци. За жал, компанијата не може да се надева дека ќе има податоци за навиките на корисниците надвор од возилата.

Поради ова компанијата се одлучи со платежна картичка да дојде до што е можно повеќе податоци од корисниците. Целта на Uber овој пат се рестораните. Компанијата преку картичката нуди попуст од 4% во рестораните. Ова е една од најдобрие понуди кои корисникот може да ги добие. Причината е едноставна: Uber ги сака нашите податоци од рестораните. Со податоците од картичките, Uber ќе знае точно не само каде одите, туку и што купувате.

Со тоа Uber ќе знае кои ресторани се посетени, од каде се посетени, кои се јадењата и услугите кои сте ги побарале. Превозникот и претходно се обиде да дојде до податоците на корисниците, преку апликациајта. Сепак, тогаш доби забрана за следење на локацијата на корисниците.

Главна причина за ова се „ghost“ рестораните, вели Ник Абузеид во својот блог.

Компанијата преку UberEats ќе се обиде да стане своевидна копија на Amazon во исхраната. „Ghost“ рестораните се ресторани кои не постојат, храната од овие ресторани е достапна единствено преку сервисот на Uber. Вакви ресторани се достапни во: Атланта, Денвер, Филаделфија, Торонто, Сан Франциско и Чикаго.

Како функционира ова? Едноставно, Uber не поседува ресторани, но ја превезува храната од локални партнери. Овие ресторани заработуваат помеѓу 2 000 и 5 000 долари неделно. Заработката е симболична, но за помалите ресторани, не е за потценување.

Во некои градови како Токио, Таипеи и Сеул, заработката на UberEats ја надминува заработката од превоз.

Лошо е што овие ресторани кои не постојат, немаат адреси ниту можност за поплака. Купувачите нема да имаат каде да се пожалат ако јадењето е прегорено или лошо зготвено. Единствено, ако еднаш купат лоша храна, можат само да престанат да го користат сервисот.

Секако, сервиси како Yelp кои имаат слични податоци ќе бидат конкуренција, но Uber би можел да се спротистави со дополнителни услуги, како брза и бесплатна достава.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии