Што нуди „новата димензија“ на Google Maps?

Како што најавивме претходно, Google во Сан Франциско ја претстави новата димензија на Google Maps – Офлајн мапи за Android, Street View за стази во природа и 3D Google Earth се трите подобрувања кои ќе бидат составен дел од Google Maps.

  • Офлајн мапи за Android – Google Maps од сега ќе може да се користи и без интернет конекција. За да ја користите мапата претходно ќе биде потребно да ја преземете и ќе можете да ја користите колку сакате. Покрај тоа, GPS точката сѐ уште ќе биде тука да ви помогне со навигацијата.
  • Street View за стази во природа – Благодарение на сѐ понапредната технологија, пешачките патеки од сега ќе бидат покриени и на картите на Google. Имено, камерите за Street View станаа помали и со тоа сега е овозможено снимање на места до кои не може да се пристапи со кола.
  • 3D Google Earth мапирањето доаѓа со нов интерфејс кое се нарекува „Tour Guide“. Со ова на корисниците ќе им се овозможи да изберат локација и тргнат виртуелна летачка прошетка. Овој начин на прикажување е изработен од слики кои се снимени од авионите на Google кои ги имаат прелетано градовите, а подоцна од сликите под различни агли се направени во 3D. Овој начин на преглед ќе биде достапен за Android и iOS уредите во некој од наредните денови.
Сега откако Google го зададе првиот удар, ќе биде интересно да видиме што ќе ни презентираат од Apple на својата WWDC конференција следната недела на која се очекува Apple да го откачи Google, и да претстави свои мапи за своите сервиси.

[youtube]N6Douyfa7l8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии