Што носи редизајнот на Мој Воздух

Ако случајно не забележавте, (бидејќи некако квалитетот на воздухот е помалку важен во летото) Мој Воздух има редизајн. Апликацијата постои веќе 5 години и информира 100 000 корисници. Дополнително Мој Воздух еден од најдобрите примери за тоа како треба да се користат и како придонесуваат отворените податоци. Сепак каков и да е технолошки придонесот на Мој Воздух она што го направи со поттикнување на граѓанската свест и активизам за почист воздух и околина се уште позначајни. Редизајнот ќе им помогне на корисниците полесно да го разберат проблемот со загадувањето, а апликацијата го доби и Воздушко, маскота која ќе ги едуцира помладите.

За најновата надградба на апликација и за идните планови разговаравме со авторот на Мој Воздух, Горјан Јовановски.

МојВоздух има 3 главни цели: „Информирање“, „Едукација“ и „Поттик за акција“. До сега, успеавме доста добро да ги информираме граѓаните за загадувањето, и барем делумно да ги едуцираме (иако во тој дел треба уште работа). Но главниот фокус, освен експанзијата, за МојВоздух ќе биде „Поттик за акција“ кај граѓаните, преку разни иновативни и верувам неочекувани начини, но тој дел го држам во тајност за сега 🙂

Можеш ли да направиш споредба на првата верзија на апликацијата пред 5 години и оваа сега. кои се најголемите разлики?

Многумина не знаат дека МојВоздух всушност започна како прост веб сајт, преку кој го испробував концептот дали има смисла. Имаше малку информации за секој загадувач, некоја препорака и толку. Денес, МојВоздух е веб и мобилна апликација на Android и iOS со над 100.000 корисници, со голем број на можности, од сателистки податоци, до графици/календари/мапи.

Што “научи” во овие 5 години?

Со помош на Firebase Analytics, можев многу да ја подобрам апликацијата и нејзините можности според потребите на корисниците. Научив дека луѓе не поминуваат многу време во МојВоздух, и дека мора најбитните информации да се веднаш видливи по отварање на апликацијата. Со текот на годините испробувавме нови концепти и се обидувавме да најдеме опции што би биле интересни за корисниците. Пробавме gamification во 2017-та преку играта “Кралство на Воздухот” каде што преку сензори за движење на телефонот доделувавме поени на корисниците за колку повеќе пешачат или возат велосипед.Иако звучеше добро како концепт, корисниците не беа многу заинтересирани, затоа и ја повлековме таа опција, и ја заменивме со други.

Aпликацијата сега во новиот програмски јазик од Google, Flutter; што овозможува ова? има некој предности?

Да, МојВоздух 7.0 е прекуцан целосно во Flutter, новиот framework на Google. Тој е сличен на React Native, со тоа што овозможува да од еден codebase се добијат апликации на повеќе платформи, како Android, iOS, а наскоро и на Windows, Mac & Web. Тоа го прави процесот на воведување нови можности многу полесен, а сепак дозволува пристап до native кодот доколку сакаш да направиш промени специфични на една платформа. Според мојата пресметка, големината на кодот на МојВоздух опадна за 60% откако искористив Flutter, што е значително намалување!

Кога може да го очекуваат земјите во регионот?

Проширувањето во други земји го правиме постепено, и секогаш воспоставуваме врска со локална невладина организација или граѓанска асоцијација за да ни помогнат во локализацијата и промовирањето. Веќе сме во контакт со партнери во Косово и се надевам дека до крај на летото Косово ќе биде активно во МојВоздух, а до крај на годината и Босна, Грција и Бугарија. Амбиции имаме и за ширење северно, но тоа останува за понатаму.

 


Мој воздух е достапна на Android и iOS и може да ја преземете на следните линкови:

1 коментар на “Што носи редизајнот на Мој Воздух

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии