Што (не) се случуваше на Лан Фест 2011?

„Нормално, тука е и фактот ‘толку ни е силата’ затоа што никој не стои позади нас и целиот проект е финансиран од наш џеб и фирмите кои изложуваа. Сепак верувам и многу други веруваат во идеата и секако дека ќе има Лан Фест конференција и наредната година за чија организација почнуваме веќе од наредниот месец зад која ќе застанат повеќе локални и странски организации. Знаеме кај ни се грешките и кадровски, организаторски и маркетишнки.“

</надополнето:>

Од неодржани предавања и неинтересни штандови, до програмерски натпревари, забавни дискусии и WCG квалификации… на Лан Фест 2011-та имаше по нешто да се види и чуе. Конференцијата, во моментов, е најголемиот ИТ настан во .Мк, но, дали поради лошо одбрано место, дали поради лош маркетинг, или немање што да се види по штандовите, арената Борис Трајковски изгледаше полу-празна за сите три дена.

Најавениот ЛАН фестивал од 500 поврзани компјутери всушност беше само неколку десетици поврзани компјутери бидејќи не секој посетител беше информиран и заинтересиран да си донесе свој компјутер, а и не сите карти дозволуваа пристап до тој дел.

Што велат твитерџиите за #lanfest?


Лан Фест 2011 беше составен од тридневна програма со штандови, предавања, гејминг натпреварите и лан фестивал. Но во огромната сала единственото што привлекуваше беше World Cyber Games кфалификациите. Тие всушност беа центар на вниманието на, во најмала рака, 300 гејмери од 60 тима кои се натпреваруваа во Counter-Strike. Имаше и неколку други натпреварување, како натпревар во програмирање и други игри, но впечатокот беше – тргнете ги WCG квалификациите и гејмерите и ќе нема Лан Фест.

Имаше околу 10-тина штандови од спонзорите, но никој не се истакнуваше со нешто посебно. Можеби најактивен беше новиот факултет ФИНКИ бидејќи имаше еден куп студенти препознатливи по бинарните маици. Тие 1/0 маици можеа да се сретнат и на предавањата, каде студентите од ФИНКИ и посетители кои добија таква маица, беа најчестите и најпрепознатливите слушатели на презентациите.

Препознатливите бинарни маици на ФИНКИ се појавуваа насекаде.

Предавањата се доста интересен проблем кој треба да се разгледа подобро. Ако има слушатели тогаш ќе има и предавања и дискусии, но, на Лан Фест недостасуваше публика на поголем дел од прeзентациите. Пример, во петокот, првиот ден од Лан Фест, број на предавањата беа откажани бидејќи немаше на кому да се презентира. Зошто толку мал одзив на голем ИТ фестивал? Слабата посетеност на предавањата сигурно не е поради изборот на темите бидејќи листата беше интересна.

Дали публиката немаше што да прави меѓу предавањата кои траеја еден час, дали не беа информирани како што треба, каде што и кој предава, а можеби се и незаинтересирани, тоа се прашањата на кои ќе мора да се одговори доколку се планира продолжување на Лан Фест.

7 коментари на “Што (не) се случуваше на Лан Фест 2011?

  1. Местото не го биваше за ваква работа. Влегов внатре, не можев да се снајдам иако имаше мапи на столбовите. Салата е супер и сѐ, ама саем е 100 пати подобар за ваква работа.

    Многу народ разбра на 19-ти за ова. Слабо buzz по нет.

    Како очекуваат јас да се заинтересирам, кога тие што беа таму беа незаинтересирани? Се чуствував како да сум пристигнал прв на свадба.

    И толку ли не успеавте да убедите повеќе фирми да дојдат?

  2. samo edna popravka majcire na finki se I/O(input/output) ne 1/0.inace da malce bese tapa na LAnFest ali sea toa e.Najinteresni predavanja imase vo nedelata za razvivanje na mobilni aplokacii:):):). Sepak golema poddrska vakov nastan da se sluci povtorno !!!!!!!!!!!!

  3. Mislam deka imase interesni temi no greska bese toa sto najinteresnite bea vo petok a golem del od potencijalnite slusateli se na rabota i ne moze da prisustvuvaat , druga zabeleska e sto site predavaci sto bea od firmite si gi prezentiraa nivnite proizvodi i sto kako tie pravat za sto ako mene toa me interesira ke otvoram nivni sajt i ke procitam. Jas bev na nekolku predavanja i totalno se razocarav mislev deka ke slusnam nesto novo za oblasta za koja bese nameneto predavanjeto, a ne sto raboti X firma i kakov softver tie prodavaat.

  4. ЛанФест.мк? Најголем ИТ настан годинава? Каде видовте реклама? Единственото место беше сајтов на кој имаше статија за конференцијата. Ако не си редовен читател, или пак ти избегал постот меѓу другите, никогаш не би слушнал за ЛанФест.мк. За да најдете какви и кои предавања ќе ги има, треба да ја погледнете агендата, а на сајтот под табот конференции има една статија во која пишува деталната листа ќе ја објавиме подоцна, а и таа листа што беше во агендата, требаше да биде малку проширена, со барем нешто повеќе детали за предавањата. На предавањата одиш нешто да научиш, и не знаеш кое предавање да го посетиш, поради недостатокот на информации, па може и да погодиш нешто што не те интересира. Изборот на објектот, арената Борис Трајковски е добро средена, наместена и сето тоа, но далеку од очите на јавноста и не е место за вакви конференции. Слушатели од други градови што не се запознаени со градот, тешко би ја нашле. А и цената на картите беше преголема, 600 ден. за подобрите предавања. Ако станува збор за најголемиот ИТ настан, тогаш цел на настанот е пошироката маса, а тешко кој студент би одделил 600 ден. за неколку предавања, а уште помалку некои средношколци, кои би ја граделе ИТ иднината на нашата држава. Ова според мене се поголемите недостатоци на ЛанФест.мк.
    Поздрав до ИТ.ком.мк и до ЛанФест.мк

  5. Го утнаа терминот не може Ланфест да биде за време на колоквиумска или една недела пред затоа што ова ќе се случи што се случи…btw сакав да слушам предавање од проф. Трајанов преку ланфест веб страната арно ама камерата не им работеше и цело време stream-от прекинуваше…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии