Од 17 до 21 aвгуст се одржува уште еден голем саем за гејминг индустријата. За прв пат летово погледите на гејмерите ќе се завртат кон Европа и Gamesom. Gamescom е европски пандан на американскиот саем за видео игри и се поврзано со нив, Е3. Саемот се одржува од 2009 година во германскиот град Келн во халите на Koelnmesse. И покрај тоа што саемот се одржува во Германија на него заедно работат со партнерот Велика Британија и Северна Ирска. Gamescom e најголем саем за видео игри во светот со повеќе од 250.000 посетители.

Годинешниов gamescom ќе има 550 поставки што е за 10% повеќе од лани кога имаше 505, изложувачите доаѓаат од 40 држави а како последница на зголемениот интерес ова годинава за посетителите ќе биде отворена уште една хала од Koelnmesse.  Се проценува дека повеќе од 4.600 новинари годинава ќе имаат прилика да ги пренесуваат иновациите на Sony, Microsoft, Electronic Arts, Ubisoft, Konami, NCsoft и Blizzard. Свои конференции ќе имаат и LG и Samsung.  Во официјалното отварање на саемот е вклучена и церемонијата на доделување на награди во 8 категории: Најдобра PC игра, Најдобра игра за конзола, Најдобра игра за преносни конзоли, Најдобра онлајн игра, Најдобра игра за прелистувач, Најдобра фамилијарна игра, Најдобар хардвер/перифериал и Најдобар на Gamescon. Номинираните игри во сите катергории можете да ги видите тука.

Како и на QuakeCon и тука ќе имаме можност да се воодушевуваме на лудите модификации на куќишта, овој пат како дел од фамилијарна работилница во која татковци и синови ќе имаат дваесетина минути да модифицираат куќишта. Фамилијарниот дел на саемот е засилен и со „play2together”кампањата во која родителите и децата заедно ќе играат.

И покрај тоа што официјалното отварање е на 17 август, посетителите ќе можат да го посетат саемот од осумнаесетти кога вратата се отвара за сите посетители.  Содржините на саемот, кој посетителите ќе можат да ги видат, се најверојатно исите игри од Е3, само во некоја поодмината фаза или различен аспект на гејмплејот, најверојатно ќе видиме и повеќе игри за преносни конзоли. Прес-конференциите започуваат еден дел порано, а игра која најмногу импресионира во пред-програмата е PlayStation 3. A уште една вест која ќе ги израдува гејмерите доаѓа од  Sony кои најавија пад на цената на PlayStation 3 за околу педесет долари.

Ако сте заинтересирани, Gamescom можете да го следите и преку официјалната страна на саемот која е пуштена поодамна, а можете да ги гледате презентациите во живо или во скратена форма.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии