Што можете да очекувате од Minecraft во иднина?

Од неодамна, се дозна дека фановите на Minecraft играта ќе добијат значително надополнување, како и одделна спин-оф игра.

За време на конференцијата Minecon Earth 2018 успеавме да дознаеме дека од Mojang работат на следното големо надополнување за оригиналната игра. Насловено како Village and Pillage, надополнувањето ќе воведе нови NPC ликови, како библиотекарот и месарот, како и нови непријатели кои ќе се викаат арамии и ѕверови. Со оглед на тоа што Pillagers носат самострели, и вие ќе можете да направите самострел за да се најдете на слично рамниште. Паралелно со ова, ќе навлезете во лебдечки парк кој се вика Inspiration Island, а и ќе се дружите со еден куп мачиња и панди.

Како дел од надополнувањето, ќе биде променет начинот на кој функционираат додатоците. Па така, со New Entities add-on-ите ќе можете да вметнувате повеќе непријатели, како и да користите Data Driven Spawning за да контролирате кои непријатели ќе се појавуваат во вашите светови. Преку одделот Animations ќе добиете многу повеќе опции за прилагодување и создавање најразлични непријатели, а преку Particles ќе можете да ги разубавувате со најразлични ефекти. Сево ова веќе е достапно за тестирање преку Minecraft бетата.

На конференцијата се откри и дека Mojang работат и на спин-оф игра која подлега на dungeon-crawler жанрот. Играта ќе дозволи до четири играчи да се борат на најразлични нивоа и заеднички да работат кон спасување на селаните и уништување на злобниот Arch-Illager. Minecraft: Dungeons би требало да излезе некогаш во 2019 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии