Што може министер да ве научи за стартапи?

Aко очекувате само Владата да направи нешто за вашиoт стратап, тогаш откажете се веднаш, одговори министерот за странски инвестиции Веле Самак на громогласен аплауз на четвртиот Startup Grind Skopje. Салата во American College беше полна со млади луѓе кои се лути што, ете, властите не им го олеснуваат претприемачкиот живот, но г. Самак ја кажа вистината. Ако Митко Цабевски во претходната презентација потенцираше два-три пати дека треба да се биде храбар и да се земе ризик, тогаш г. Самак тоа го спомна мал милион пати. Без врска што е министер кој сега мора да ја брани Владата, г. Самак е пред се претприемач кој стартувал свои компании. Неговиот одговор е искрен. Стартапите се ризик, и никој со здрав разум не би инвестирал во идеја на млади луѓе кои едвај составиле бизнис план, а камо ли Влада која одговара пред граѓаните за секој денар.

Креирање стартап не значи дека од прв пат ќе успеете, вели г. Самак. Но, додаде и дека не треба да се плашите од „негламурозниот неуспех“. Треба да се учи од него, да се добие фидбек и да се обидеш повторно. Ова се лекциите за претприемништво од презентацијата „Што може министер да ве научи за стартапи?“:

  • Верувај дека можеш да го смениш системот. Но, кога го правиш тоа биди професионален. Г. Самак неколку пати спомна дека во бизнис и администрацијата има проблем со недоследноста. Луѓето не се доволно професионални и посветени на работата, и често набрзинка ја завршуваат. „Затоа ако пишувате имејл проверете го за печатни грешки пред да го пратите. Така и дојдов тука, бидејќи добар мејл ми го привлече вниманието“, вели министерот.
  • Постојано барајте фидбек. Често компаниите одат до таму до каде им стига компетентноста. Фидбек од било кој извор, најчесто искрена критика, ќе помогне да се најдат грешките или да се продолжи понатаму. Но, постои менталитет – кај стартапите и кај администрацијата – да не се бара помош, ниту да се прашуваат прашања. Никогаш не знаете кога некој ќе ви помогне, и кој ќе може да ви даде идеја. Најуспешните бизнис мрежи се тие кои што комуницираат меѓу себе, кои споделуваат контакти и мислења.

  • Не чекајте да креирате совршен продукт. Бидете професионални до крај, но не бидете претерани во перфекционизмот. Не чекајте да направите совршен продукт, и наместо тоа следете ги претходните два совети – направете професионален продукт кој ќе може да го усовршите со фидбек од другите. Но, истовремено не брзајте. Има работи што се брзаат, пример, додадете нова опција во апликацијата, но има работи со кои треба да се претпазливи, пример договорете се за интелектуалната сопственост со партнерите, одредете ги бизнис односите и други технички работи кои мора да бидат исправни, но кои бараат време да се средат.
  • Мора да научите да продавате. Мора да сте слободни околу концептот за продажба. Ако не сте продавале научете како се продава, но пред тоа мора да се информирате за на кого му го продавате продуктот. Ако знаете што бара инвеститорот или корисниците (на кои им го продавате сервисот), тогаш полесно ќе му го продадете вашиот стартап. Но, имајте во предвид дека кога се работи за бизниси, кои имаат хиерархија, колку подолго трае процесот за продажба, тогаш е поверојатно дека ќе продадете.
  • Денес треба да си немотивиран за да не научиш програмирање!

Дел од презентациите на четвртиот Startup Grind Skopje, таа на г. Самак и претходната презентација на Митко Цабевски, ко-основач на u:Plug, може да ги чуете на #ИТН, подкаст за информатика, технологија и наука.

ITN Podcast E08 by Radio Mof on Mixcloud

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии