Што мисли светот за Rage 2?

Како една од нашите најочекувани игри за месец мај, Rage 2 излезе и, доколку може да им се верува на рецензиите, воопшто не е лоша.

На Metacritic, PC верзијата за Rage 2 се одликува со оценка од 73 поени, заснована од 28 критички мислења. MMORPG.com ѝ дава на играта 83 поени и објаснува дека чедото на Bethesda е значително подобрување од претходникот и дека љубителите на Mad Mаx има што да најдат во играта. SpazloGames (82) само се надополнуваат со констатацијата дека Rage 2 е избезумувачка, луда и задоволителна акција во прво лице со тони можности за играње, како и бројни можности за забава по завршување на кампањата. Со 80 поени, IGN фрла пофални зборови кон отворениот свет и бројните опции за надградби. Тие признаваат дека Rage 2 е пријатно освежување и интересна алтернатива за сите оние кои некако се презаситија од Far Cry формулата. Со начинот на кој се користат возилата не делуваат премногу импресионирани, но се презадоволни од битките, бројните оружја, способности и надградби. За 1 поен подолу, Vandal обајснуваат дека не може да стои на потполно исто рамниште како Doom или Wolfenstein, но е одличен наслов за сите љубители на шутери во отворени светови.

За жал, не се сите задоволни со Rage 2. PC Games не негираат дека се работи за солиден шутер (70), но не им се допаѓа ниту неинспиративниот дизајн на отворениот свет, ниту неверодостојното возење, или плитката приказна. До истото мислење имаат дојдено и PCGamesN (70), како и Game Informer (70). Millenium даваат 65 поени и објаснуваат дека најсветлата точка во играта се возбудливи, но еднолични битки кои бргу можат да ви здосадат. Тие објаснуваат дека Rage 2 крие десетици мисии, а неинспиритивната кампања можете да ја завршите од 6 до 8 часа. За 5 поени подолу, GameSpot делуваат најмногу разочарани од отворениот свет и неискористениот потенцијал. Најниската оценка од 50 поени доаѓа од Shacknews и Gamer.no. Лутајќи низ нивните критички мислења, се извлекува општ заклучок дека Rage 2 нема доволно содржини и дека не може да ја оправда цената од 60 евра, особено кога ќе се земат во предвид ликовите и системот со еднолични мисии.

Што мислите вие за Rage 2? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии