Што ме нервира кај паметните телефони?

Иако имам малку застарен паметен телефон, кој веќе баш и не делува така паметно, но си ја работи работата за што е наменет, иако на моменти знае и да закочи во некоја операција. Факт е дека паметните телефони ги користиме секојдневно во нашите животи и никаде не тргнуваме без нив, но како и сите останати работи во животот, и тука има нешто што нè нервира.

Прво – цената. Можеби ова не би ме иритирало толку, доколку секоја недела не излегуваат нови модели, со подобри перформанси и секако – поголема цена. Денес го имаш телефонот, за недела-две веќе е на половина од својата вредност, а за неколку месеци може да останеш и без поддршка. „Снајди се, па живеј“ е после тоа.

Иако сум Android фанбој, ме иритира и тоа што има еден куп произведувачи на Android паметни телефони и сите тие работат под различен хардвер. Апликациите имаат различни побарувања, а некои може да се користат само на поскапите телефони. Од оваа гледана точка, тука повеќе ми се допаѓа iPhone. Ако не друго, барем ќе знам дека сè што ми треба е тука и функционално, сè работи на ист хардвер. Еве што мислат и другите корисници за ова фрагментација на Android, но и за iPhone:

На претходото може да се надоврзe и софтверот кој излегува секоја година. Apple нуди 4 годишна поддршка, Microsoft велат дека ќе нудат поддршка од 18 месеци, но што од производителите на Android телефоните? Поддршка на најниско ниво, а можеби и ја нема.

Траење на батеријата можеби е најголем проблем на (скоро) секој сопственик на паметен телефон. Ретки се уредите кои имаат солидна батерија, а покрај огромните дисплeи и голема резолуција, не е ниту чудно што батериите ни се трошат за секунда. HTC, Apple, Motorola… може да им завидуваат на Samsung и LG кои се фокусираа на развивање на дисплеи кои ќе трошат помалку енергија.

Но, што е со вас? Што најмногу ве нервира? Мене проблемот ми е што паметните телефони имаат мали копчиња кои баш и не се копчиња. Имањето на тастатура е најдобро нешто што може да го има еден телефон, но овие се паметни телефони – осетливи се на допир. Од толку што се осетливи, за да напишеш порака на малиот екран, со уште помали копчиња ти требаат неколку минути. Правени се за 12-13 годишни деца? Бидејќи, брат ми кој е на таа возраст со неговите прсти одлично ги погодува буквите, но мене ретко ми се случува од прва да ја погодам таа буква што сакам.

Некои пак како Тоше Андонов го нервира што xda-dev програмерската заедница станува се помала, други корисници пак како @SUNLOUNG3R и Мишо Пандиловски ги нервира што се заглавени со телефони кои работат на Symbian, веќе заборавен ОС од Nokia, односно BlackBerry кој полека ја губи трката на пазарот. И двата ОС се одлични, но недоволно конкурентни со Andrоid и iPhone. Додека пак @cchevymk го нервира што телефонот не е водоотпорен и сега мора да купи нов.

8 коментари на “Што ме нервира кај паметните телефони?

  1. sum smenil 7 smartfoni, pocnav so iphone, a sega sum na S3, apdejtite se vazni za stabilnost na sofrver, skoro nema lag vo vcituvanje na launcherite i slicno. Ne sekoj apdejt e vazen, no na nekoi telefoni e potreben. Na postarite telefoni nema apdejti poradi nestabilnosta i nepotrebata od istiot, zosto bi staval nova verzija na softver ako telefonot ne ja podrzuva ( zosto bi instaliral crysis 2 na pentium 4?! ). Tocno e deka ima ilijadnici android telefoni i smetam deka e podobro zatoa sto sekoj moze da si odbere kakov saka, kolkav saka i slicno, nasproti iphone koj veke 5 godini ima eden ist telefon so 3,5 incen ekran. Znaci ako sakas telefon samo za facebook, ke si kupis poeftin, ako sakas da gi probuvas site najnovi aplikacii, da koristis gps, da koristis multitasking, ke si kupis poskap, neznam sto ne e jasno, dali lugeto nemaat druga rabota, pa ajde ke zborat ova ne cinelo toa ne cinelo… bdc, da ne ti se veruva.

  2. Тоа се вика: Влагаш во продавница да купиш 500 евра вредна фејсбук машина, безразлика дали била со мал или голем екран. :)

  3. WTF Situacija: Da mi kaze nekoj za sto pametno go koristi svojot PAMETEN telefon (osven za mali igrici, da proveri kako ce bide vremeto, demek da zapisel nekoj event), daj vi se molam za 400-600 evra da kupam igracka (a se zalat ljugjevo strujata ripnala za 10% a surfa na iPhone, abe glas da ne cujam). I site sakale najnov update … zasto bre ljugje zar gledate nekoja razlika, da ne vi mrda nekoj pixel levo desno, nikoj nema primeteno update od 4.0.3 i od predhodnata 2.4 (sto saatot da ne vi odi pobrzo)… nemozam da ve razberam, demek vremevo odi naprad i sve povece sme bile pametni i popametni :) yean right

    BTW: Jas sum skoro 5 god. software programer i zamislete ne mi pritrebalo nesto popametno DO mene :), demek bez toa nemozam da ziveam neli … aj dosta e

  4. ^ Само што си го купил и откако му направи апдејт си работи како под конец? Па чекај, не работел како што треба со оригиналниот софтвер? :o

  5. Jas go kupiv od VipMK noviot Samsung Galaxy S3 i odma me prasa za update kon 4.0.4. Sekako ja prifativ taa verzija i sega telefonot raboti kako pod konec :) Dosega nemam problemi osven toa sto koga go zatvoram noviot Google Chrome za android, homescreen-ot se refresira i toa trae dve sekundi kolku da trepnes no sepak ponekogas te nervira! Se nadevam deka so Jelly Bean 4.1 android vo oktomvri se ke se sredi :)

  6. Мене ме нервира тоа што огромен дел на луѓе купуваат паметен телефон само затоа што сега е тоа во мода, го користат за зборување, праќање СМС пораки и дремење на фејсбук, и кога ќе треба да направат нешто од типот на инсталирање на апдејт "пешки" – тогаш не чинел телефонот…. "имам телефон со 3 пати послаб хардвер од просечниот смартфон и за мене нема Андроид 4, КАКО ТОА БЕ?!"

    1. Јас имам телефон 10 пати послаб и од најслабиот паметен телефон (односно 10 пати послаб од најакиот непаметен телефон) и за него нема ни паметен софтвер :) Па си уживам.

    2. Тотално се сложувам. Зошто не дигаат врева и бунт тие што се на iPhone 2g што ги немаат последните апдејти? Сега кога се случи iPhone4 да ги нема работите што ги имаше 4s почнаа да се бунтуваат и од таа страна. Оние телефони до 200$ е убаво што добиваат апдејти до 2.1, а не повеќе. Мојот не толку паметен телефон ми е на андроид 2.2 и без разлика што можам да му ставам и 4.0, најдобро функционира на таа верзија и за тоа не треба да се менува.
      Исто е и со компјутерите. Зошто ти на AMD k6, со 64МБ рам и 4ГБ хард диск не му ставиш Windows 7? Оти нема перформанси. Колку пари, толку музика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии