Што кога технологијата ќе ги знае вашите чувства подобро од вас?

Дејан Соколоски

во Свет

Дали знаете дека некој животни кога се возбудени или вознемирени ја менуваат бојата? Луѓето секако не го прават ова сега, но би можеле да го прават во иднина. Технологијата веќе денес може да процени кога некој се срами, лаже или му е непријатно. Секако не доволно прецизно, но има значителен напредок. Токму оваа технологија која може да отчита подигање на телесната температура или промени на хемискиот состав на здивот за да го анализира чувството на луѓето е тема на говорот на Попи Крам на TED.