Што ќе нуди новиот стриминг сервис Disney+

Што е Disney+?

Disney+ e стриминг услуга која ви дозволува да гледате најразлични филмови и серии и, од она што видовме, сериозен конкурент и солидна алтернатива на Netflix.

Кога ќе започне функционирањето на Disney+ и во кои региони?

12 ноември 2019 година, но датумот е само за Соединетите Држави. Disney се уште нема објавено кои региони кога би можеле да уживаат во нивната услуга, но имаат изјавено дека сакаат да ја прошират нивната стриминг услуга низ сите големи региони низ светот во наредните две години. Претпоставуваме дека Македонија би можела да добие пристап до Disney+ во втората половина на 2020 година.

Колку ќе чини Disney+?

7 долари или 390 денари, месечно. Оние кои би се претплатиле на годишно ниво, би можеле да заштедат 14 долари и би добиле понуда за годишна претплата од 70 долари, или 3900 денари. 12 месеци по цена од 10. Споредено со моментната претплата на Netflix (која често се покачува), тоа е скоро двојно поевтино.

На кои платформи ќе функционира Disney+?

На апсолутно сите, или барем така сакаат челните лица од компанијата кои, изразија желба Disney+ да биде возможна независно од платформата. Тоа значи ќе можете да ги гледате вашите филмови и серии на мобилни телефони/ таблети, или конзоли (PS4, Xbox One, Nintendo Switch), телевизори или компјутери. Disney+ ќе дозволи гледање во 4К HDR, како и можности за преземање на најразличните содржини и нивно прегледување без пристап до интернет.

Што ќе можете да гледате на Disney+?

(Re)Connect – Серија од настани фокусирани на модерно американско семејство

Be Our Chef – емисија за готвење, но на Дизни начин

Cinema Relics: Iconic Art of the Movies – Серијал кој пружа уникатен поглед кој бројните филмови на Дизни

Diary of a Female President – Анимирана комедија која обработува живот на едно девојче кое ќе успее да стане претседател на САД

Earthkeepers – Документарна емисија за напори за справување со модерните предизвици на планетата Земја

Encore! – Мјузикл кој ќе биде особено ценет од средношколците

Forky Asks a Question – Анимиран серијал заснован на еден од најсимпатичните ликови од Toy Story 4 – Форки

High School Musical: The Musical: The Series – Уште еден мјузикл сместен во HSM универзумот

Into the Unknown: Making Frozen 2 – Документарец за креативните напори вложени во изработката на Frozen 2

Lady and the Tramp – Адаптација на класичниот и екстра популарниот Маза и Луња

Lamp Life – Краток филм од талентираните Disney Pixar

Loki – Серијал со Том Хиделстон

Magic of the Animal Kingdom – Документарна емисија сместена во Animal Kingdom и SeaBase aquarium на Epcot

Marvel’s 616 – Документарна емисија која го обработува наследството оставено од Marvel

Marvel’s Hero Project – Документарна емисија која повлекува паралела помеѓу Marvel и поширокиот свет

Marvel’s What If…? – Анимирана серија која истражува алтернативни сценарија од MCU

Monsters at Work – Телевизиска серија која обработува настани пред Monsters Inc филмовите

Noelle – Божиќна комедија

Rogue Trip – Туристичко шоу со Боб Рудруф

Shop Class – Емисија во која тимови од студенти се натпреваруваат во осмислување најразлични дизајни и несекојдневни решенија

Star Wars: The Clone Wars season 7 – Нова сезона од популарното анимирано шоу

Stargirl – Тинејџерски филм инспириран од истоимената книга

The Falcon and The Winter Soldier – Серија со Антони Маки и Себастијан Стен

The Mandalorian – Серија сместена во Star Wars универзумот и фокусирана на познатиот ловец на глави

The Phineas and Ferb movie – Филм кој е спиноф на популарното анимирано шоу на Дизни

The World According to Jeff Goldblum – Забавна документарна емисија со Џеф Голдблум

Timmy Failure – филм заснован на истоимената книга

Togo – Драма со Вилјам Дафо

Untitled Cassian Andor Star Wars show – серија која обработува настани непосредно пред Rogue One

WandaVision – Серија со Елизабет Олсен и Пол Бетани

Ова се само филмови и серии кои официјално се потврдени од Дизни, а помеѓу и околу ова се можни уште многу други пријатни изненадувања кои сеуште се држат во тајност. Како, на пример, дали ќе може да видиме продолжеток на Marvel сериите кои беа под издавачкото перо на Netflix? Kako што можеби знаете, Daredevil, Jessica Jones, Luke Cage, Iron Fist, и The Punisher се откажани од Netflix, најверојатно поради можна транзиција на Дизни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии